На 44 години стана татко по втор пат: Ќерката на Азис има скоро 15 години, а сега доби син
Кралот на народната музика во Бугарија - Азис стана татко по втор пат
Пејачот се пофали со добрата вест објавувајќи фотографија со бебето. „Да се стане татко по втор пат на 44 години е благослов! Момче е“, напиша фолкерот.
Не е јасно која е мајката на неговото дете, но тешко дека тоа е Гала, која веќе има над 45 години. Можно е детето да е од сурогат мајка.
Азис има ќерка која за неколку месеци ќе наполни 15 години. Нејзината мајка е долгогодишна пријателка на фолк пејачот - Гала. Малата Раја е русокоса и синоока, што ги засилува гласините дека детето не го зачнал пејачот на „Хабиби“, туку е ин витро од донатор, пишува Lupa.bg.
Кралот на народот тврдоглаво ја крие Раја од медиумите и човечките очи. Познато е само дека девојчето е прилично образовано, добро и учи во најскапото училиште.
Фото: Фејсбук/Instagram - Азис