На 89 години по компликација од операција, почина креатрот на Дам Една Евериџ: Светот се збогува со славниот комичар

Креаторот на Дам Една Евериџ, славниот комичар, актер, писател и уметник Бери Хемфрис, почина вчера во болница во Сиднеј, Австралија, на 89-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Тој беше еден од најславните комичари кои зад себе оставија богата седум децениска кариера.

-Тој беше целосно сам до самиот крај, Својот брилијантен ум никогаш не го напушти. Таа неповторлива духовитост и великодушност на духот беше она што го правеше посебен. Планираше многу проекти, кои ќе останат неизреализирани, стои во соопштението на семејството.

Ликовите кои тој ги создаде, и кои намсеаа милиони луѓе низ светот ќе живеат вечно.

Инаку, долгогодишниот жител на Лондон, Хамфрис бил во Австралија за време на Божиќ каде сериозно се повредил по пад, пред речиси два месеци.  Од тогаш покрај тешката операција на колкот тој се лекувал и од неколку заболувања. Сепак од болницата не сакаа да дадат никаква изјава за смртта на актерот.

Хемфрис, кој помина околу 70 години во шоу-бизнисот, беше активен до самиот крај, а минатата година беше на турнеја низ Велика Британија со своето шоу „Човекот зад маската“.

Бери Хемфрис беше во брак четири пати. Зад себе ги остави сопругата Лизи Спендер, четири деца и 10 внуци.


Фото:Dw.com