НА АУКЦИЈА: Ќе се продаваат паричиња торта од свадбата на принцот Чарлс и Дајана

Добивај вести на Viber

На аукција следниот месец во куќата „Џулијенс Окшнс“ во Лас Вегас, ќе бидат понудени пет парчиња торта коишто останале од кралската венчавка на принцот Чарлс и принцезата Дијана.

Извршниот директор на аукциската куќа, Дарен Џулијен вели дека тортата стара скоро 40 години не е за јадење.

„Парчињата ги донесоа луѓе кои биле на венчавањето и се досега ги чувале во фрижидерот“- рече тој.

Се очекува цената да достигне од 800 до 1.200 долари. 

Тортата која се јадела во Бакингемската палата на 29 јули 1981 година се нуди заедно со снимка од свеченоста. На наддавањето ќе може да се купи и едно парче торта од свадбата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, проценето на 7.500 долари.