На кои критериуми треба да обрнете внимание пред да изберете ваша банка
Управувањето со личните финансии започнува со избор на банка каде што корисникот ќе отвори трансакциска сметка.
При избор на матичната банка, онаа преку која ќе имате прилив на средства од плата, пензија, студентска стипендија или други приходи, во која ќе штедите, можеби ќе земете кредит, кредитна картичка, дозволено пречекорување или ќе користите некоја друга услуга, многу е важно да обрнете внимание на доверливоста на банката како финансиска институција.
Затоа, пред да изберете банка за соработка, најдобро е да се распрашате за сè и да ја одберете онаа која ви влева сигурност, која нуди квалитет и поддршка на клиентите и која има широко портфолио со најразлични производи со поволни услови на пазарот.
Токму таква на македонскиот пазар е Халкбанк, која водејќи се со мотото „Важни се луѓето“, креира производи согласно барањата и потребите на клиентите.
Самото работење на Халкбанк, фактот дека е најброрастечка банка и дел од групата на петте најголеми и системски важни банки во земјата, постојаното зголемување на капиталот од година во година, огромниот раст како на кредитната, така и на депозитната база, се најдобар доказ за стабилноста и просперитетот но и за огромната доверба која граѓаните и стопанските субјекти ја имаат во брендот.
За тоа зборуваат и најновите показатели од работењето на банката во првата половина од 2022 година. На крајот на јуни Халкбанк имаше актива од 1. 216 милиони евра, што значи пораст за 34 милиони евра за шест месеци. Половината од годината банката ја заврши со одобрени кредити во висина од 871 милиони евра (на крајот на 2021 година кредитирањето изнесуваше 800 милиони евра), од кои 459 милиони евра на правните лица и 413 милиони евра на население. Во првото полугодие и покрај новата криза, онаа предивикана од украинско- рускиот конфликт, граѓаните продолжија да штедат во Халкбанк. Ако на крајот на минатата година депозитната база на банката беше 910 милиони евра, во првите шест месеци таа се зголеми за околу 25 милиони евра, односно изнесуваше речиси 935 милиони евра. Првото полугодие од 2022 година Халкбанк ја заврши и со нето профит од околу 3,4 милиони евра.
Ваквите резултати покрај на врвната услуга, се должат и на креираните нови производи. Халкбанк нуди повеќе видови кредити, согласно потребите на клиентите и тоа по услови кои се меѓу најконкурентните на пазарот. Потрошувачки, станбен, кредит на пензионери или, пак, онлајн кредит каде само со неколку клика и за неколку минути можете да дојдете до потребните средства се дел од широката палета на кредитни производи. Тука е и еко кредитот со кој, со поволни услови, можете да ја зголемите енергетска ефикасност во вашите домови. Дополнителна предност на кредитирањето што го нуди Банката е што поголемиот дел од кредитите се со осигурителни полиси, што значи дека се добива заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
И кај штедењето постојат бројни производни понуди кои се прилагодени на различни потреби и разлики во динамиката на животните стилови, а кои истовремено нудат најатрактивни услови на пазарот. Најнов таков производ е Летниот Промо депозит кој на штедачите им нуди можност за орочување на средствата на период од 13 месеци со нај атрактивна каматна стапка од 2,00% која е фиксна и се исплаќа по периодот на орочување.
Со кредитните картички на Халкбанк може да се купува на рати без камата, но и да се собираат бонус поени со пазарување во дефинирани периоди на различни продажни места објавени од страна на банката.
Халкбанк е и лидер во воведување нови дигитални услуги, за што доказ се низа производи кои овозможуваат брзо и лесно заршување банкарски работи, без потреба од посета на експозитура и чекање редица на шалтер.
Секако, не треба да се заборави и фактот дека Халкбанк е препознаена во земјава и како една од нај општествено одговорните компании, која води грижа за заедницата и перманентно вложува во заштита на животната средина, помага во реализација на спортски, културни настани, во проекти кои значат поддршка на младите, образованието, уметноста, социјалните теми и во развојот на реалниот сектор.