На колку години во просек Македонките стапуваат во брак?

Добивај вести на Viber

Просечната возраст во Македонија при склучувањето прв брак е 26.6 години за невестата и 29.3 години за младоженецот. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со  претходната година, е зголемен за 4.4 % и изнесува 13 781 склучен брак. 

Најмногу бракови, 1 771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %. 

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.1 % за жените и 91.4 % за мажите. 
Во втор брак со учество од 7.9 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто  стапуваат мажите. 

Во 2017 година, најголем број бракови, 4 570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33.2 %, а  за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5 222 бракови или 37.9 %.