На модната недела во Париз, Карлеуша прошета парчиња по кои ќе лудува светот: Поп дивата рамо до рамо со познати фаци (ФОТО)
Ги облече најновите колекции на познати брендови
Суперѕвездата Јелена Карлеуша е главна тема на домашните и меѓународните медиуми, откако се прошета на две ревии на модната недела во Париз.
Брендовите „Vetements“ и „Windowsen“ ја ангажираа ЈК да ги носи нивните модели, а нејзиниот стајлинг го привлече вниманието на сите присутни.
Таа на првата ревија на брендот „Vetements“ носеше парчиња од најновата колекција - црвена, широка тренерка и сива атлетска маичка.
Вториот стајлинг во кој прошета по модната писта е дефинитивно најпровокативен. Станува збор за минијатурно здолниште со фалти, горен дел со прерамки и чизми со огромен ѓон, а се потпишани од Windowsen.
Како што сме навикнати да не се повторуваме, Јелена по модната ревија се пресоблече во сив комплет како одело, а бројни блогерки и пријдоа да се фотографираат со неа.
FOTO: Printskrin: Instagram/jaquellineFOTO: Instagram printscreen/zoranbirtasevic