На пауза за ручек одам да ме „средат“: Николина Пишек проговори за операциите

Добивај вести на Viber

Популарната водителка Николина Пишек Ристовиќ за естрадниот ТВ-магазин „Ексклузив“ на хрватскиот канал РТЛ како никогаш досега се отвори за естетските корекции кои публиката со години ѝ ги препишува.

- Ме обвинуваат за многу повеќе операции отколку што навистина сум направила. Повеќе или помалку сѐ се сведува на некакво вбризгување на лекови и препарати. За да ја одржите свежината не морате повеќе да одите под нож. Доволно е на паузата за ручек да отидете малку да ве „средат“ - вели водителката.