На платформата за онлајн настава на Меѓународниот Балкански Универзитет креирани 500 предмети од летниот семестар

Добивај вести на Viber

Во време кога во светот владее пандемија предизвикана од коронавирусот и во државава се преземаат мерки со цел да се запре агресивното ширење на заразата, поради што дојде и до запирање на обрзовниот процес, Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) како одговорна и угледна високообразовна институција веднаш одговори на предизвикот и новите околности. Имено, во текот на минатата недела во рамките на Универзитетот беше отворен Центар за онлајн настава, опремен со најсовремени услови и со сите потребни технолошки решенија за ваков неконвенционален, но модерен метод на настава.


Ова овозможи од почеткот на неделава на МБУ да продолжи образовниот процес со 100% онлајн настава. Преку платформата за онлајн настава која е интегрирана со „Хело“ онлајн системот за е-учење на Универзитетот, образовниот процес се одвива непречено и продуктивно преку видео-предавања на професорите, споделување дигитални материјали и целосна интеракција со студентите.

Согласно редовниот распоред на предавања и вежби за летниот семестар од тековната академска година, на онлајн платформата се креирани преку 500 предмети од 17 додипломски и 11 последипломски студии, а онлајн наставата уште првиот ден ја следеа преку 1400 студенти.


„Меѓународниот Балкански Универзитет останува цврсто определен да ја продолжи својата посветеност кон образованието и науката. Нудејќи модерни решенија кои се целисходни и позитивно прифатени од студентите, МБУ уште еднаш докажува дека е стожер на модерното образование, не само во нашата држава, туку и пошироко. Првите впечатоци од професорите и од студентите за онлајн наставата се позитивни, така што Универзитетот продолжува во полн капацитет да ги нуди непрекинато своите образовни и други услуги кон студентите“, вели Висар Рамадани, генерален секетар на Универзитетот.


Во МБУ сметаат дека одличниот старт на ваквиот вид настава е потвда дека образовниот процес ќе се реализира ефикасно и продуктивно, со што студентите ќе се стекнат со потребните знаења и вештини за нивно професионално усовршување.