На работ на смртта: Петра во Тајланд преживеа цунами, но го загуби вереникот

Кариерата на еден од најпопуларните супермодели на светот, Петра Немцова, замалку ќе завршеше во декември 2004 година кога за време на патувањето во Тајланд настадала во цунами. Ја поминала ноќта држејќи се за една плама целата со внатрешни повреди и скршена карлица, за да не ја однесат силните бранови. Спасувачите ја пронашле гола бидејки брановите и ја скинале целата облека. 

Кога стигнала до болница, и рекле дека нејзиниоте повреди се толку сериозни да никогаш повеќе нема да може да се движи. Исто така и соопштиле дека нејзиниот свршеник Симон Атли загинал, пишува Дејли меил. 

„Бев со мажот кој го сакав и со кој планирав да го поминам животот. Беше ден после Божиќ и се подготвувавме да одиме дома од преубавиот одмор во Тајланд. Одеднаш слушнавме повици од плажа и здогледав воден ѕид. Удри во прозорците на бунгаловите, а внатре почна да влегува црна вода, насекаде имаше скрешно стакло. Последен пат кога го видов Симон беше на кровот, но не се грижев бидејќи беше подобар пливач од мене“, раскажала Петра. 

Набрзо и сама се нашла во водата и во еден момент помислила дека ќе умре. 

„Се помирив со тоа, не чувствував никаква тежина, немав никаква грижа. А потоа одеднаш го здогледав небото и тогаш нагонот за преживување за ја презеде командата. Знаев дека морам да се фатам за нешто и зграбив едно дрво“, вели таа. На тоа дрво поминала осум часа полусвесна додека не ја спасиле.

„Бев во агонија и секое мало останување без свест, се трудев да останам присебна. Најужасни беа врисоците кои ги слушав. На никој не можев да му помогнам, а врескањето на престануваше. И јас врескав од болка. Можев да ја мрдам само раката бидејќи карлицата ми беше скршена“, раскажала манекенката.Во болницата во Тајланд поминала два месеци, а потоа уште два во една Чешка болница, а морала повторно да научи да оди. 

Петра сакала да се врати на Тајланд и да им помогне на преживеаните па ја основала хуманитарната организација „Happy Hearts Fund“ како би помогнала во обнова на училиштата на подрачјата на настраданите во цунамите. 

Признава дека оваа несреќа целосно и го променила животот. 

„Трагедиите ни даваат шанса да ги промениме нашите животи. Да ги промениме приоритетите, да одлучиме во која насаока сакаме да одиме. Ја изгубив личноста која ми беше најблиска, но добив втора шанса за живот. Чувствувам потреба да им помогнам на другите, ќе направам повеќе“, рекла Немцова за „Vanity Fair“.