На само осум месеци го оставила во дом: Еве како денес изгледа синот на Ана Бекута- го родила на 17 години

Добивај вести на Viber

Српската фолк-пејачка Ана Бекута отворено зборува за својот син Игор, кој го родила додека уште била тинејџерка. Пејачката синот го дала во дом за деца без родители, кога имал само осум месеци, а по една година го земала назад

Ана Бекута го родила синот Игор Полиќ на само 17 години, а потоа со голема болка донела одлука да го остави својот наследник во дом за незгрижени деца. Синот го добила во вонбрачна афера. Таа била одделена од своето бебе, а околината ја осудила. Нејзините родители исто така се нашле на столбот на срамот, селото ги озборувалo, што особено ја повредило пејачката. Таа знаела дека тие не се виновни за ништо.

- По страшните внатрешни фрактури, го сместивме Игор во домот. Голем дел од моето срце тогаш беше откинат и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за будала затоа што „тоа“ не го убив на време. Или да сум скриела и да сум го оставила во некоја далечна болница. Секој викенд патував да го прегрнам Игор, кој ќе ми се насмевнеше во креветчето, непогрешливо препознавајќи ме. До следната сабота ме одржуваше жив неговиот прашкаст мирис во ноздрите и отпечатокот од неговите ситни усни на вратот. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ја врати таа птица во својот скут - изјави Ана пред неколку години.

- Имав само 18 години и ужасно се плашев, но знаев и дека стравот ќе ми помине. Моите први излегувања со другарките ги замени менувањето пелени и грижата за бебето. Мајчинството дојде прерано, но тоа ми е најдрагоценото искуство во животот. Кога имаше осум месеци, мојот син морав да го дадам во Дом за деца без родители. Тоа беше најстрашната епизода во мојот живот. По една година помината во домот, успеав да се изборам и мојот син го земав дома. Го чуваа моите родители, додека јас одев на настапи за да заработам за живот“, откри пејачката. 

Нејзиниот син, Игор во едно интервју открил дека ѝ простува на својата мајка, и го разбира притисокот со кој се соочувала. Тие двајца денес се во одлична врска и многупати откриле дека отворено зборуваат за периодот кога тој бил оставен во дом, но и дека тој како син ја разбира својата мајка и дека не би бил тоа што е денес ако не била таа.

А од фотографиите кои ретко може да се најдат од него на интернет, може да се види дека Игор и Ана си заличуваат еден на друг. 

„Ги имам сите информации за својот татко, но ние ниту се гледаме, ниту се слушаме.  Сѐ во животот ѝ должам на мојата мајка“, изјавил синот на пејачката. Ана Бекута од синот Игор ги има внуците Бранко и Соња. 


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм - igor.polic