На вечерашната програма на A1 Drive-in Cinema: Данскиот „Уште една тура“

Добивај вести на Viber

Кога слушаме музика на винил, се враќаме во едно време кое сега можеби изгледа далечно, но сепак ни создава чувство како за момент да сме таму, во минатото, уживајќи во носталгијата. Едно од тие чувства ги буди и Drive-in киното, преку кое филмската уметност ја доживуваме како да сме во некој ретро филм, од удобноста на автомобилот, гледајќи го големото платно.

Автомобилот е Вашата следна дестинација за гледање на филм!

Историјата на Drive-in киното започнува во далечната 1933 година од минатиот век со отворањетона првото Drive-in кино од страна на Ричард Холингшед, филмски љубител и продажен менаџер во компанијата на својот татко „WhizAutoProduct“. Она што го натерало да размислува за оваа идеја било пред сèнеудобноста на седиштата во традиционалните кино сали во тоа време. Седиштата во автомобилот биле доста покомотни, а со тоаи уживањето во филмот би било уште поголемо.

Идејата успеал да ја реализира и го отворил и патентирал првото отворено Drive-in кино во Камден, Њу Џерси, кое воедно било и првото во светот, а првата проекција била со британската комедија „Сопруги, пазете се“ (WivesBeware) од 1932 г.  Неколку години подоцна, во Америка и светот почнува масовно отворање на Drive-in кина и врвот на својата популарност ja доживуваат во 50-тите години, меѓутоа по 70-тите нивната популарност почнува да опаѓа.

Денес, свесни за рестрикциите за социјализирање во затворен простор како резултат на пандемијата со КОВИД-19, Drive-in кината повторно се актуелизираат, а деновиве сведоци сме и на A1 Drive-in киното во Скопје.

Досега на овој настан се прикажаа популарните филмски наслови „Паразит“ и „Вистина“, а пак на репертоарот вечерва е данскиот филм „Уште една тура“ (AnotherRound или Druk, 2020), со Мадс Микелсен во главната улога, актер кој инаку е доста популарен по своето остварување во серијалот „Ханибал“.Тој во „Уште една тура“ во улогата на Мартин, заедно со своето пријатели, ја тестира теоријата дали нивните животи ќе се подобрат доколку константно одржуваат одредено ниво на алкохол во крвта.

Ова филмско остварување на данскиот режисер Томас Винтерберг беше и во официјалната селекција за Златна школка за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал „Сан Себастијан“, а главниот актер МадсМикелсен ги понесе наградите „сребрена школка“ и „специјална награда од жирито“ за најдобар актер на истиот фестивал во 2020 година.