Национален ден на Власите - Од Вангел Дину, преку Михајло Пупин, па до Тома Фила
Михајло Пупин бил и еден од главните советници на америкаснкиот претседател Вудро Вилсон. Во времето на овој претседател кое се поклопува со поделбите на Македонија вп 1912 и 1913 година, Белата куќа има издадено соопштение дека САД не сакаат да видат поделена Македонија
На денешен ден со посебен указ (ираде) во 1905 година Власите се признати за посебен народ од страна на султанот Абдул Хамид Втори во рамките на Отоманската империја, а за да го доловиме вистинското значење и влијание на оваа заедница за нашето поднебје ни помогна Љупчо Зиков, основачот на изданието „Капитал“ кој неодамна ја одби владината покана да биде директор на МЕПСО.
Оваа тема во историјата се наметнува како една од поинтересните но и најконтрoверзните ако се знае дека Власите живеат речиси на целиот Балкански полуостров и се еден од најстарите народи овде. Станува збор за народ кој настанал со доаѓањето на Римјаните на овие простори и основањето на Источното Римско Царство (Византија).
Вистинското име на овој народ е Аромaни ... но во ралични држави носат и ралични имиња како Власи (Македонија) Влахико и Куцо Влахи (Грција) Цинцари (во Србија и поранешните југословенски простори) ... Има една посебна група која се нарекува Фаршероти (оваа група во 1900 година во Њујорк го основа и првото посебно здружение на Власи).
„Со оглед на тоа дека Власите денес немаат своја држава, тие се здружени во Светската лига на Власите со седиште во Париз.
Главна стопанска гранка на Власите во историјата била трговијата во повекето поголеми градови на Балканот од Каиро (Eгипет) па Атина, Солун, Битола, Дубровник, Белград, Виена, Будиmпешта и Букурешт. Најголем трговски центар во 17, 18 и 19 век бил Москополе блиску до Корча, денешна Албанија. Овој трговски град во тоа време имал 50.000 жители, многу мали работилници и фабрики, а имаl и млековод од планината до пазарите каде се прoдавало млекото“, вели Зиков.
Откако Али Паша Јанински до темел го изгорел градот, Власите од овој град доживеале егзодус и се раселиле насекаде. Еден добар дел во Далмација (Дубровник, Сплит до Истра) еден дел во денешна Република Македонија (Крушево) а еден дел во Виена и Белград. Познат е на пример Баронот Сима во Виена кој бил голем донатор и филантроп. Тој бил главен финансиер на најубавиот мост во Будимпешта, денеска главната туристичка атракција ... Во Виена познат Влав е еден од најголемите диригенти на 20 век Херберт Вон Карајан (роден Карајанис) чиј дедо потекнува од Гревена (Грамос) денес во Грција.
„Во Грција познати Власи се фамилијата основачи на светскиот бренд „Булгари“ кои во средината на 18 век од селото Невеска во Грција се исселуваат во Италија и понатаму за нив е се познато... Светски позната компанијата „Булгари“ е основана од Сотир Булгари, роден во Епир во Јанина каде го отвориле првиот дуќан за накит. Преку Крф се иселуваат во Неапол, па во Рим.
Исто така Стелиос Пападимитриу е познат Влав во Грција кој е човекот од најголема доверба и адвокат на легендарниот бродски магнат Аристотел Оназис. Тој бил почесен претседател на Фондацијата Оназис и човекот преку кој одело извршувањето на тестаментот на Оназис.Во бизнисот и во политиката во Грција Власите се длабоко инволвирани. Основачот на Нова Демократија, Георгиос Авероф е Влав. Видни членови во ПАСОК, Нова Демократија и СИРИЗА се Власи. Тројца членови на модерната грчка академија на науки и уметности се Власи“, тври Зиков.
Влав е и Рига од Фера еден од најголемите историски ликови во Грција од поново време. Тој се залагал за обединување на целиот Балкан во една држава. Негово мото е дека Балканот е премногу мал за во него да има толку многу и раскарани држави ...
Од личностите што нам ни се познати а се Власи со потекло од Грција се Бранислав Нушиќ (еден од најголемите српски писатели и драматурзи) Милтон и Јанаки Манаки првите сниматели на Балканот кои долго жовееле во Битола. Денеска пак, градоначалникот на Солун, Јаниз Бутарис е Влав чија мајка е од Крушево. Фамилијата на Бутарис работи со вино ... Повеке Власи од Грција, Македонија и Албанија биле и пратеници во Турскиот Парламент во времето на Отоманската Империја.
Никола Пашиќ најголемиот српски премиер во поновата историја на Србија е Влав со потекло од Македонија и Албанија.
Михајло Пупин, еден од најголемите научници и пронаоѓачи на Балканот, светски признат, е со влашко потекло од Москополе. Неговите родители се доселиле во селото Горна Белица и Вевчани а потоа во Нови Сад. Михајло Пупин бил и еден од главните советници на америкаснкиот претседател Вудро Вилсон. Во времето на овој претседател кое се поклопува со поделбите на Македонија вп 1912 и 1913 година, Белата куќа има издадено соопштение дека САД не сакаат да видат поделена Македонија. Се смета дека голема заслуга за овој американски став имал Михајло Пупин. Кога сме кај САД треба да се спомене дека од овие балкански краеви свое влашко потекло имаше и Мајкл Дукакис еден од против-кандидатите на Бил Клинтон за избор на претседател.
Фило Филота бил адвокат на Тито. Денес еден од најголемите адвокати во Србија, роден во Битола, е Тома Фила, син на Фило Филота“, тврди Зиков.
Занимавајки се претежно со економија и трговија, Власите градат силни врски со соседството пред се поради својата историја на заедништво. Тоа дава еден нов квалитет за македонската екoномија и политика на Балканот. Tреба повеке да се користи ова во иднина.
„Според овие чисти факти погоре во текстот, заклучокот се наметнува. Фактот дека Власите немаат држава, денес наметнува повисоко ниво на комуникација и интеграција меѓусебе а тоа преку реалната политичка и економска моќ и влијание речиси во сите држави на Балканот и неговата допирна околина“, одговара Зиков на прашањето дали постои феноменот „Влашко лоби“.
„Дали сакаат да почастат!? Па и Власите денес не се тоа што беа ... Сепак најдобро е најди Влав и почасти го“, вели тој.
„Во Србија други познати Власи се Цинцар Марковиќ, Јован Јовановиќ Змај, Стерија Поповиќ, Коча Поповиќ - министер за надворешно работи на СФРЈ и еден од најблиските соработници на Тито. За него се вели дека со Авероф, кој во исто време бил министер за надворешни работи на Грција, комуницирал исклучиво на влашки јазик.
Во Македонија познати Власи биле на клучни места во пoновата историја. Вангел Дину бил премиер на Крушевската Република. Питу Гули не треба да го коментираме ... па се до денес кога во разни епохи влијателни Власи се на разни позиции во комунистичка Македонија и по независноста во бизнисот, финансискиот сектор и политиката ...
На крај го запрашавме дали е точен митот дека припадниците на влашката заедница не се многу расположени кога треба да почастат некого.
А.К.