Надица Адемов блескаше на прославата за првиот роденден на ќерката, само еден месец после второто породување: Погледнете каква забава приреди

Добивај вести на Viber

Надица Адемов има многу причини да биде среќна, а тоа се виде на нејзиното лице додека блескаше на прославата на првиот роденден на нејзината ќерка Мелина во хотелот „Краун Плаза“.

Иако не помина ни месец од нејзиното второ раѓање, кога го роди синот Амел, младата ѕвезда се појави пред новинарите, а општиот впечаток беше дека никогаш не изгледала поубаво.

За нејзината среќа очигледно се погрижил и Дамир, партнерот и татко на децата, кој не се одвојуваше од саканата и ја опсипуваше со нежност цело време.

„Овде сум вечерва пред се да ги почестам гостите, песната „Родила се мала лепотица“ и ја испеав на мојата ќерка“ .

Надица цела вечер уживаше со гостите, меѓу кои беа и едни од најголемите ѕвезди на домашната забавна музика.

Сите ги дочека раскошна и имагинативна декорација во која преовладуваа розови и златни тонови, а прославата траеше до доцна во ноќта.

Пејачката се прослави со шоуто „Ѕвездите на Гранд“ а претходно беше продавачка на пазарите, на долната женска и машка облека. 

– Морав од нешто да живеам. Кога ми здосади да стојам со денови зад тезгите, сфатив дека морам да направам нешто за себе. На пример и јас да фатам некоја естрадна тезга. И фатив, така што се пријавив во „Ѕвездите на Гранд“. Успеав, вели убавата Надица.

Вистина е дека по настапот во шоуто стана многу барана пејачка која најчесто пее на големи приватни забави и ромски свадби, за кои се знае дека се одлично платени. Неофицијално е прогласена и за кралицата на тие ромските свадби. Нема зошто да крие, бидејќи данокот редовно си го плаќа. За една вечер само од таква некоја свадба во Виена, успева да заработи дури 15.000 евра

Надица во последните две години живее во Германија.

ФОТО: Инстаграм