Надица Георгиева посетила 50 земји на 5 континенти, но една најмногу ја изненадила: Во Виетнам ме пречекаа две џиновски раце

Добивај вести на Viber

Бидејќи нејзиниот професионален ангажман како модел, започна уште пред да стане полнолетна, била приморана постајано да лета на различни дестинации низ светот. Постојаното менување дестинации, биле причина кај Надица Георгиева, модел и еден од сопствениците на модната агенција „Моделс ин“ , да се васади љубовта кон патувањата.

- Патувајќи не само што многу ќе видите и научите, туку патувањата ви отваарат еден сосема нов „прозорец кон светот" низ кој инаку никогаш нема да имате прилика да погледнете. Иако не сум ги броела земјите кои сум ги посетила, но веројатно се околу 50 на сите пет континенти. Кога сум за прв пат во некоја земја ме интересира првенствено нивната историја, археологија, култура. Тоа најубаво се гледа и учи во нивните национални галерии и музеии – вели Георгиева која исто така сака да открива повеќе за нивната култура на живеење, да ужива и да ја вкуси и нивната локална храна, специјалитети и напитоци.

- Како модел често правам шоппинг по бутици, бидејќи секоја земја има свои локални креатори кои понекогаш знаат многу пријатно да ве изненадат. Си купувам по некое парче кое подоцна ќе ме потсетува на ова или она патување. Мојот сопруг Иво е исто така човек кој многу патува, а заради манаџерската професија и самиот е прилично спретен во организирање на патување, сместување и сето останато. Кога заедно ќе решиме која ќе биде нашата следна дестинација во светот, тој ја превзема организацијата. Не користиме агенциски услуги воопшто – открива таа.

За Георгиева, секоја земја е посебна, убава и различна на свој начин. Едни се нејзините очекувањаа кога оди во модните центри како Париз, Милано,Њујорк, или Лос Анџелес, а други кога ќе ги посети Токио, Шангај или Хаваи. Или пак кога е на Сицилија, Санторини или Малдиви.

- Затоа немам разочарување од ниту едно патување. Однапред знам што да очекувам во секоја одредена земја и кога сум таму се фокусирам токму на нивната посебност, односно на тоа по кое што е позната во светот и што ја прави атрактивна. Како куриозитет, би го издвоила Виетнам, едно од моите најголеми изненадувања во позитивен смисол. Можеби затоа што оваа земја не е толку позната ни популарна кај нас какао туристичка дестинација? Таму бевме скоро еден месец и имавме прилика да пропатуваме низ поголемиот дел од државата. Во најголемиот град Хо Ши Мин со околу 10 милион жители, има сè што можете да замислите. Од крајна бедотија до раскош и ултралуксуз.. Би ги издвоила посетите на Музејот на војната, Базиликата Notre Dame, Националната Опера, најпознатата градба Saigon Post Ofice, како и карактеристичната француска колонијална архитектура.

- Таму го пробав веројатно и најубавото ајс кафе кое тие го приготвуваат со млеко од кокос. За време на престојот снимивме и две епизоди од ТВ серијалот посветен на модата па имав прилика да запознаам некои од нивните најпознати модни креатори на популарните Ao Dae носии- нивна традиционална облека – открива таа.

Со Иво пропатувале и по текот на делтата Меконг каде сè уште секојдневно се одвива познатиот пазар на вода. Биле и во преубавиот град Да Нанг, а од таму во најпопуларната туристичка атракција Ba Na Hilps која се наоѓа високо во планините на 1500 м надморска височина и до таму се патува со жичара.

- На влезот не пречека „златниот мост", две џиновски раце направени од камен, а во гардот покрај фантастичната француска архитектура и многубројните храмови, се наоѓаат и веројатно најубавите цветни градини што некогаш сум ги видела.

Го посетивме и древниот антички град Хои Ан и многу други фантастични места низ Виетнам – дополнува Надица. 

Монте Карло е омилена дестинација на двојката и ја посетуваат многу често. Бидејќи се искрени љубители на тенисот, без исклучок одат на тенискиот турнир Rolex Masters кој се одржува во април. Таму го запознале и најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ.

- Монако е мало место, скоро е неизбежно секојдневно да се разминете на улица со некој од многубројнјите славни лица, бидејќи најголемиот дел од нив и живеат таму. И двајцата сме големи фанови на Ѓоковиќ и негови верни навивачи. За прв пат го запознавме во неговиот ресторан Equita во Монако, каде беше со неговата споруга Јелена. Иво им пријде му кажа дека сме од Македонија и го замоли за заедничка фотографија. На наше големо изненадување тој беше исклучително љубезен, многу се израдува што сме од Скопје, што го следиме и поддржуваме. Таа случајна средба неочекувано се разви во пријатен и пријателски разговор. Потоа имавме уште неколку попатни средби во различни ресторани, кафетерии или на улиците на Монако. Иако е најдобриот во историјата на овој спорт, тој е учтив и културен, човек со исклучително префинети манири, сосема нормален и скромен што го прави уште поголем. 

Во една слична прилика токму во Монако на наше големо задоволство ја сретнавме и шпанската тениска легенда Рафаел Надал. Кога патувате сè е можно – заклучува Георгиева.

Соња Алексоска Неделковска