Најбараната фризура оваа есен, идеална за жени во 40-тите години: Совршено ја покрива седата коса и брише години од лицето

Добивај вести на Viber

Доколку сте љубители на коса обликувана со омбре нијанси, тогаш со задоволство ќе знаете дека овој начин на фарбање на косата сè уште не се симнува од тронот кога се во прашање актуелните трендови на фризури.

Оваа есен, еден стил на коса ќе стане вистински хит, не само поради атрактивниот изглед, туку и поради практичноста што ја посакуваат многу жени. Есента, со своите посвежи денови, секогаш носи можност за освежување на стилот – без разлика дали се работи за облека, шминка или фризури. Многу жени токму тогаш наоѓаат инспирација да направат промени во својот изглед.

Кога зборуваме за фризурите кои ќе доминираат оваа сезона, враќањето на омбре, некогаш многу популарна техника за фарбање/нијансирање, повторно ги освојува срцата на многу дами низ европските градови. Омбре е повторно во центарот на вниманието, и со добра причина - не само што го освежува изгледот, туку е и идеално решение за оние кои сакаат дискретно да ги сокријат седите влакна, без потреба целосно да ја прекријат косата со боја.

Омбре подразбира премин помеѓу посветли и потемни нијанси на косата, што се постигнува со влечење прамени во топли тонови. Спектарот на бои варира од светли медни нијанси до потемна боја, што овозможува создавање софистициран изглед. Оваа техника е совршена за жените кои сакаат промена, но и за оние кои преферираат природен изглед, бидејќи овозможува постепено спојување на седата коса со останатата, без драстично фарбање.

Ако се одлучите за омбре, имате многу опции. Тоа најдобро се постигнува преку суптилни транзиции и игра на сенки, при што боите се прилагодуваат на обликот на лицето. На пример, кај жените со издолжено лице се препорачува посветол тон кај корените, кој постепено потемнува кон врвовите, што создава илузија на мекост и рамнотежа во цртите на лицето.

Ombre често се споредува со техниката balayage, сепак, постојат важни разлики помеѓу двете. Омбре обезбедува подраматична транзиција помеѓу корените и краевите, додека балајажот е посуптилен, речиси незабележлив. Друга предност на омбре е поголемиот избор на бои и тонови, кои може да се прилагодат на индивидуалните преференции, како и на седата коса, давајќи и модерен и природен изглед.

На крајот на краиштата, омбре е одличен избор за оние кои сакаат да го освежат својот изглед без прекумерно одржување и долготрајни третмани.


Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм