Најбараните модели на чевли секоја сезона!

Добивај вести на Viber

Моден евергрин!

Кога станува збор за чевли, секоја дама ја интересира секоја можна анализа во врска со нив и кои чевли се всушност најбарани на светот. Најновото истражување според Гугл вели дека најбараните чевли се еспадрилите Шанел.

Овој модел на чевли, може комотно да стои рамо до рамо само со два типа на чевли - ,,Pigalle '' од Кристијан Луботин и ,, Hangisi'' -чевли кои ги креираше Маноло Бланик.

Доколку погледнете поубаво на социјалните мрежи, како што е Инстаграм, ќе забележите дека Шанеловите еспадрили ги носат речиси сите модни трендсетерки, меѓу кои и Кендал Џенер, Алесандра Амбросио, Каролина Куркова и уште многу други познати личности.

Овој прилично класичен модел на еспадрили, кој веќе подолго време е присутен на модниот пазар, исто така е и достапен во многу верзии. Интересно е тоа што овој тип на обувки никогаш нема да излезе од мода, и лесно се вклопува со секаква модна комбинација. Поради ова, не е ни чудно што секоја жена толку ги посакува овие еспадрили на Шанел, а најбарани се сепак оние во крем и црна боја со декорација на предната страна. За време на пролетта, најбарани се Шанеловите еспадрили изработени од кожа и платно.