Најбогатата пејачка живеела во тешка беда со татко наркоман: Се шетала бледа, а бившиот ја тепал до смрт

Добивај вести на Viber

Животната приказна на Ријана е проткаена со тешки детали. Од мала знаела само за насилство, а денес е најбогатата пејачка.

Познатата убавица од Барбадос ја изненади јавноста со необичен настап на Суперболот, а по тој повод Ријана го покажа трудничкото стомаче. Рири ја воодушеви публиката со својата енергија, а за нејзиниот настап се зборува со денови.

Пејачката денес е една од 10-те најмлади милијардери во светот, но животот не ја фаворизираше. Детството на Ријана беше обележано со сиромаштија и семејно насилство, а откако таа се одвои и изгради име во музичкиот свет, на љубовниот фронт започнаа ужаси.

Родена е на 20 февруари 1988 година во Сент Мајкл, една од 11-те парохии во Барбадос. Таа е прогласена за културен амбасадор на Барбадос, а денот на нејзиното раѓање е национален празник на таа земја. Таа е дете на Ирец и локална жена, Роналд и Моника Фенти. Пејачката има двајца помали браќа, Рори и Реџад, и две полусестри и еден полубрат од страната на нејзиниот татко. 

Ријана пораснала во бунгалов со три соби во Бриџтаун, главниот град на Барбадос. Таа и нејзиниот татко продавале облека на улица за да се издржуваат. Нејзиното детство било обележано со чести расправии меѓу нејзините родители и зависноста на нејзиниот татко од алкохол и дрога. Како дете страдала од главоболки, за кои лекарите мислеле дека е тумор. Дури кога наполнила 14 години, а родителите решиле да се разведат, нејзината здравствена состојба почнала да се подобрува. 

Ријана бегството од секојдневието го барала во музиката, па на 15 години заедно со две пријателки основала бенд. Девојките беа забележани од музичкиот продуцент Еван Роџерс во 2003 година, кој бил на одморот во родниот град на Ријана. Целосно воодушевен од нејзиниот глас, тој ѝ понудил договорот само нејзе. Набргу по нејзиниот шеснаесетти роденден, Ријана се преселила во домот на Роџерс во Конектикат. Карл Старкен и помогна да го сними првото демо, кое беше испратено до издавачките куќи. Ријана поради обврските во средното училиште на тоа работела околу една година. Таа снимка стигна до познатиот хип-хоп пејач Џеј Зи, кој тогаш беше претседател и извршен директор на Def Jam Recordings.

- Видов половина од лицето на Џеј Зи на дното од салата и почнав да викам: О, Боже! Никогаш не сум запознала славна личност, а да запознаам славна личност која е и претседател на дискографска куќа, тоа беше лудост - изјави подоцна Ријана.

Откако ги импресионираше Џеј Зи и неговиот шеф, таа наскоро потпиша договор со кој се обврза да сними шест албуми за нив.

Таа постигна успех со нејзиниот прв сингл Pon de Replay и албумот Music of the Sun во 2005 година. За помалку од една година го издаде својот втор албум A Girl Like Me, од кој најпопуларни песни беа SOS и Unfaithful. Сепак, таа постигна светска слава само со нејзиниот трет албум Good Girl Gone Bad, кој беше објавен во 2007 година. Најсвирени песни беа Umbrella, Take a bow, Disturbia и Don't stop the music, кои го зазедоа првото место на Billboard's Hot 100 листата. Umbrella стана најпродаваниот сингл на сите времиња, а Ријана е прогласена за дива на годината. Истата есен замина на турнеја на која имаше 80 настапи во САД, Канада и Европа.

Албумот доби девет номинации за Греми и победи за најдобра рап и вокална соработка за Umbrella, дуетот помеѓу Ријана и Џеј Зи. Таа ги освои светските музички награди за најпродаван женски поп изведувач и најдобар женски соул и ар-ен-би изведувач, и Американската музичка награда за најдобар женски поп/рок изведувач.

Таа го издаде својот четврти албум, Rated R, во 2009 година, по што нејзината кариера отиде само нагоре. Продолжи соработката со најголемите имиња на светската музичка сцена, а со тоа растеше и нејзиниот кредибилитет кај колегите. Таа е првата пејачка која достигна две милијарди прегледи на сајтот за музички спотови Vevo, а веќе во 2016 година таа бројка изнесуваше 10 милијарди. Со повеќе од 200 милиони продадени плочи ширум светот, Ријана стана една од најпродаваните уметници на сите времиња.

Форбс пресметал дека за една година, од мај 2011 до мај 2012 година, таа заработила 53 милиони долари. Следната година таа се најде на 13-то место со заработка од 43 милиони долари. Од 2015 до 2016 година таа остана на таа позиција со заработка од 75 милиони долари.

Ријана моментално живее во Њујорк, во пентхаус на Менхетен вреден 14 милиони долари.

Уште на почетокот на кариерата, убавата пејачка почнаа да ја поврзуваат со познати холивудски момци. Така во 2007 година се шпекулираше дека е во врска со Омарион, но тоа не беше потврдено. Истата година, на еден фестивал, таа го бакна актерот Џош Хартнет и на тој начин ја официјализираше врската, која не траеше долго. Сепак, најголемата љубов на Ријана беше Крис Браун.

Јавноста дозна дека парот имал проблеми на почетокот на 2009 година кога биле вмешани во еден од најголемите скандали во Холивуд. Имено, таа требаше да пее на Греми наградите, но тој настап одеднаш беше откажан. Набрзо беше откриено дека Ријана не настапила бидејќи нејзиното момче лошо ја претепал. Крис набрзо беше уапсен, а во јавноста излезе фотографија од претепаната Ријана. Пејачката сведочеше на судењето и му беше изречена условна казна од пет години, со забрана за приближување на 50 метри, освен на јавни настани каде растојанието се намалува на 10 метри. Забраната беше укината по две години и токму тогаш почнаа да се шират гласини дека меѓу нив повторно се разгореле искри. Ријана во интервју за Опра Винфри само призна дека тие двајца повторно ја изградиле меѓусебната доверба и сега се блиски пријатели.

- Станавме блиски откако беше укината забраната за приближување. Работевме на тоа, малку по малку, и не беше лесно... Ја обновивме довербата и тоа е тоа. Се сакаме, веројатно засекогаш, и тоа не е нешто што ќе се обидеме да го промениме. Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот – изјави тогаш пејачката.

По неуспешната љубовна врска, Ријана брзо влезе во врски и уште побрзо излезе од нив. Ја поврзуваа со бејзбол играчот Мет Кемп, беше во врска и со Дрејк, но брзо раскина и со него. 

Таа на своите обожаватели на Твитер им покажа дека научила многу од нејзините љубовни бродоломи. Имено, кога еден од нив побарал љубовен совет, убавицата од Барбадос веднаш му одговорила, а тој бргу се пофалил на останатите. 

- Еј Ријана, како го надмина твоето скршено срце? Јас се борам... – напишало момчето.

- Само верувај дека скршеното срце е подарок само по себе! Плачи ако ти се плаче, но тоа нема да трае вечно! Повторно ќе најдеш љубов и ќе биде уште поубава! Во меѓувреме уживај во се‘ што си ТИ – му одговорила Ријана. 

Среќата ја пронашла во прегратките на момчето А$АП Роки (33) со кој доби син, кој гордо го претстави на јавноста. Рири денеска го чека своето второ дете, а изгледа конечно почна да ужива во среќниот живот.


Фото и Видео: Youtube 

Извор: Стилкурир

Ријана и нејзиниот наследник на насловната страница на Вог: Како мегаѕвездата стана мајка