Ријана и нејзиниот наследник на насловната страница на Вог: Како мегаѕвездата стана мајка

Почнува нова ера - и ништо нема да биде исто за Ријана.

Познатата пејачка Ријана објави фотографии од своето бебе направени за престижниот магазин Вог!

Пред два дена како бомба одекна веста дека познатата пејачка Ријана повторно е бремена откако го украде шоуто на полувремето на Супербоул, кога под црвен комбинезон јасно се гледаше нејзиниот труднички стомак.

Убавицата од Барбадос во мај минатата година роди син во целосна тајност, а сега со своите следбеници сподели фотографија од својот наследник на Инстаграм, која е направена за престижниот британски „Вог“.

Во интервјуто, Ријана зборуваше за нејзината нова самодоверба, за нејзината нова музика и за нејзиниот нов живот како родител покрај A$AP Rocky.

Таа и нејзиниот партнер A$AP Rocky сега се родители на деветмесечно дете. На настапот на Супер Боул таа на светот му откри дека чека второ дете.



„Моето совршено бебе“ – напиша пејачката во описот на сликата која доби грст лајкови и коментари од воодушевените корисници.



фото: инстаграм