Најбогатата Србинка провоцира на летување: Ги истакна облините во танга, голотијата не му пречи на нејзиното момче

Добивај вести на Viber

Посвоената ќерка на најбогатиот Србин Филип Цептер, Ема Цептер, често ја интригира јавноста со своите фотографии.

Имено, Ема Цептер сега на својот профил на Инстаграм објави провокативна фотографија од Португалија, а во жешкото издание позирала на лежалка во танга гаќички, а градите едвај ги задржа во црно бикини.


Покрај тоа, Ема подоцна скокнала во базенот, каде ги снимила своите облини, но и го покажала своето момче, на кое очигледно воопшто не му пречат провокативните костими за капење на Ема.


Наследничката на Филип Цептер посетува различни дестинации, студира психологија во Лондон и е среќно заљубена.

View this post on Instagram

A post shared by ☆ Emma ☆ (@kingzepter)



Родителите за нивната ќерка

Инаку, малку се знае за животот на Ема, а освен што покажува на социјалните мрежи, познато е дека има 23 години, живее во Лондон и студира психологија.


- Таа дојде во нашите животи еден декемвриски ден во 2000 година и веднаш се смести во нашите срца каде што отвори простор кој претходно го немаше. Убаво е кога човек може да се реализира како творец, а потоа да стане родител, а уште поубаво е кога можеш да исправиш неправда и наместо болка да создаваш - љубов. Ми се случи и првото и второто - рекла Мадлена во една прилика.

ФОТО: Инстаграм