ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ НАЈЛОШО ПОМИНУВААТ!? Има и објаснување, а еве кое …

Животот секојдневно не тестира. И од непознати причини, секој добива поинаков тест. Некои се борат со пресметки, а други со основите на математиката. Во секој случај, мораме да се носиме со она што сме го добиле. Генетиката, местото на раѓање, финансискиот статус - се тоа сме го добиле од наши нејасни причини, но имаме што имаме. Оние кои се решаваат за сладок живот, и оние кои преживуваат, се најсилни. “Најубавите и најдобрите луѓе што ги познаваме се оние кои го доживеале поразот, го запознале страдањето и загубата, се бореле во секое време и пронашле начин за излез од најтемните длабочини. Овие луѓе знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање за другите. Животот им дал искуства кои ги наполниле со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Пркрасните луѓе не се раѓаат такви, тие такви се создаваат”, рече Елизабет Кублерr-Рос, психијатар и автор од Швајцарија.


Љубезните луѓе носат светлина во светот, затоа што излегле од мракот
Во светот на темнината во кој се родени, љубезните луѓе со својата позитивност им го осветлуваат животот на другите. Токму ним им биле доделени “несреќните” карти како лоша фамилијарна ситуација или сиромаштија. Не само што научиле како да се успее во животот, тие научиле и како да се премине преку лошите работи и да се издигнат над нив. Ги отфрлиле своите “патерици” и некако го постигнале невозможното: потрчале и ги стигнале сите оние кои имале повеќе среќа и подобри услови. Додека некои добиле сет убави моливи во боја, тие добиле еден обичен, на половина потрошен молив, со кој го насликале својот живот поразличен и посветол од останатите.


Љубезните луѓе ги сакаат најсилните затоа што биле најмногу повредени
Поединците кои поранешните партнери ги повредиле или ги измамиле, повеќе и подобро ќе знаат да го сакаат идниот партнер. Тие знаат како е кога нечие срце ќе пукне и како е да го залепите и поправите. Тие никогаш никому нема да го пренесат своето искуство кое самите го доживеале.


Љубезните луѓе на потежок начин научиле дека личните недостатоци се можност за раст и развој
Повеќе е од веројатно дека љубезните и мили луѓе некогаш биле песимисти. Со текот на времето, тие научиле дека од песимизам нема просперитет. Сфатиле дека секоја ствар која како тег ги влечела надолу всушност е уште една скала на патот кон остварување на сонот. Можеби, токму тоа дека морале да се справат со брат алкохоличар ги научило на емпатија и трпение за да им помогнат на зависниците. Многу терапевти во рана возраст научиле како да се поврзат со оние кои страдаат. На тој начин, љубезните луѓе од жив песок градат патека кон успехот.


Љубезните луѓе не сакаат другите да патат онака како што тие пателе
Децата знаат да бидат сурови и да ги задеваат другите заради пегите, клемпавите уши или мозолчињата. Луѓето, кои знаат како е тоа кога некој ги измачува и злоставува, не сакаат на другите да им нанесат таква болка. Љубезноста и добрината во човекот произлегуваат од суровоста која ја доживеале. Наместо таа агресија да ја пренесат на други, љубезното лице ќе го прекине маѓепсаниот круг и со пофалби ќе одговори на злоупотребата.


Љубезните луѓе им помагаат на другите да преживеат и да станат подобри личности
Овие луѓе можат да се справат со секоја ситуација која животот ќе одлучи да им ја подготви. Знаат дека можат да преживеат сѐ, бидејќи имаат искуство со преживување. Во трката со животот луѓето обично гледаат право напред и не се осврнуваат на другите “тркачи”. Оние вистинските љубезни меѓу нас ги бодрат своите пријатели, познаници, колеги и семејството. Ги мотивираат другите да трчаат заедно со нив, ги делат своите имагинарни шишиња со вода и енергија со сите оние кои им се во близина. Стануваат луѓе кои за другите се подготвени да сторат сé и да им помогнат кога ќе им зачкрипи, луѓе какви немале до себе, кога им било најлошо.