Најдобро облечената дама продолжува да брилјира: Кралицата Ранија во модел кој ќе ја обележи пролетта

Добивај вести на Viber

Јорданската кралица Ранија вчера учествувала во кампања "Say no to bullying" која посветено и сериозно се занимава со прашања на насилство во училиштата, со цел да понуди иновативни решенија како би се сузбил овој социјален проблем.

Соодветно на задачата и сериозноста, Ранија своето издание го довела до свршенство-не само што отстапи од конвенционалниот деловен изглед туку брилјирала на вистински начин.


Имено, бринетата се определила за тегет блуза, со широки ракави, додека дискретниот кожен каиш имал двојна улога-ја красел блузата, но наметливо го истакнувал и нејзиниот совршен струк.

Меѓутоа, ѕвездата на стајлингот секако е  миди сукњата со која кралицата ја надоградила блузата!

Бела, миди и асиметрична креација со лесен пад, ја красат црни украси-несекојдневен етно додаток кој е комбиниран со современ крој. Накратко: Ранија уште еднаш демонстрираше модна постмодерна за која сите сонуваме.

Со црните салонки убавата бринета стави точка на комбинацијата, а со локните уште повеќе ја истакна женственоста и сопствениот шарм.