Доказ дека Кијану Ривс е најголем холивудски фраер: На 57 години изгледа фантастично (ФОТО)

На конференцијата Е3 на гејмерската конзола Xbox во 2019 година, на актерот Кијан Ривс некој од публиката му дофрли дека холивудската ѕвезда „одзема здив“. Ѕвездата на филмот „Матрикс“ на 57 години изгледа фантастично и тоа го докажуваат новиот постер и трејлер за филмот.

WarnerBros го најави продолжението на трилогијата „Matrix“ наречена „Matrix: Resurrections“ која официјално ќе започне да се прикажува на 22 декември.



Ѕвездата од трилогијата „Матрикс“ и блокбастерот „Џон Вик“ е пример за многу мажи во Холивуд. Времето минува, освен брадата ништо не е сменето.

Ривс беше гостин во емисијата на Греам Нортон пред четири години. Водителот и актерот се на иста возраст, па Нортон се пошегува дека Ривс „може да му биде дедо“, со оглед на тоа колку поинаку изгледаат.

Кијану неколку пати беше обвинет од таблоидите дека направил пластична операција, но актерот никогаш не се занимавал со овие шпекулации.



Актерот немал навика да зборува за својот начин на живот, исхрана и вежбање, но истакнал дека е многу заинтересиран за будизмот и медитацијата.

„Тоа е единствениот начин да се одвојам од секојдневието што може да ме задуши.



Актерот кој доживеа голема трагедија откако ја загуби жената на својот живот Џенифер Сим која загина во сообраќајна несреќа и неговата ќерка која се роди мртва, најде начин да продолжи со животот и да биде успешен и среќен.


Фото: Инстаграм

Го загуби бебето, па девојката му загина една година потоа: Потресната животна приказна на Киану Ривс