Најкомплицираниот дел од шминкањето: Сите тајни и трикови за нанесување на туш
Започни да го нанесуваш тушот онака како што сакаш!
Ова повеќе нека не ти создава проблеми. Тушот е еден од првите производи за шминкање кај многу девојки, но секогаш мака мачат кога треба да го нанесат еднакво на двете очи. Ова се сите тајни и трикови кои во иднина може да ти помогнат во нанесувањето на тушот:
# Доколку користиш моливче, внимавај секогаш да биде добро нанесено
Освен течниот туш или оној во моливче, некои сакаат да направат линија на капакот со црно моливче. Доколку си една од нив, проблемот со кој можеш да се соочиш е цртата никако да не ти биде доволно остра. Проблемот може да биде во тоа што моливчето може да биде тапо. Дури иако ти делува дека е остро, по неколку користења, шпицот повеќе нама да може да направи толку тенка и совршена црта.
# Туш кој се пресликува на капакот
Ова може да биде многу иритантно. Успеваш да го нанесеш тушот, но по кратко време сфаќаш дека повторно ти се пресликал на капакот и сега повеќе не изгледа одлично. Ова често им се случува на оние кои имаат мали капаци или мрсна кожа. Наместо тушот секогаш да го ставаш на ист начин, промени го обликот и дебелината на линијата. Наместо најдебелиот дел да биде биде помеѓу внатрешниот агол на окото и средината, помести го делот кон надворешниот агол на окото и средината. Така шансите да се преслика се помали.
# Црниот туш ти здодеа
Немој да заборавиш дека постојат и тушеви во боја. Со нив е лесно да се претера, а доколку бараш нешто за секој ден, кога ставаш туш во боја, немој да додаваш и сенки. Нека сето тоа биде едноставно.
# Како да ти испадне еднакво на двете очи
Најдобриот трик кој може да ти послужи во ова е да внимаваш на начинот на кој го ставаш. Наместо да започнеш од едното око и да направиш дебела линија како што сакаш, на почетокот стави тенка линија на двете очи. Секако дека нема да бидат исти и ќе мора да ги поправиш, но се ќе биде полесно кога тие се тенки.
# Тушот ти се размачкува
За овој проблем решение е црната сенка. Лесно и со тенка четка помини преку линијата која ја имаш направено со туш и тоа е тоа. Сенката ќе го држи тушот на свое место.
# Немој да користиш алатка за витнање на трепките откако ќе ставиш туш
Ова е повик за катастрофа. Доколку ја користиш оваа алатка, сети се дека треба да ја користиш пред да нанесеш туш.
# Кога нанесуваш туш, линијата не ти е целосна и има празни места
Имаш нов туш, треба да изгледа супер, но кога ќе направиш линија, ти остануваат празни делови на кои тушот не се фатил. Ова се случува бидејќи тушот го ставаш под погрешен агол. Промени го начинот на кој го држиш, поинаку насочи ја рака... едноставно, пронајди го аголот кој најдобро ти одговара и кој истовреме е најповолен.
# Како да нанесеш туш ако имаш помали очи
Доколку погрешно го ставаш тушот на мали очи, може да изгледаат уште помали, а тоа не е нешто шото некој би го посакал. Наместо да ставаш туш на целото око, подобро е да ставиш само на надворешните рабови.