Најновите достигнувања на дерматовенерологијата презентирани на научен симпозиум

Добивај вести на Viber

Над 30 врвни дерматолози од земјава, регионот и Европа ги споделија своите искуства од областа на дерматовенерологија пред стотина доктори, специјализанти и студенти на симпозиумот што се одржа во штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Станува збор за втора конференција од областа на дерматологијата, во која „Аџибадем Систина“ е коорганизатор  заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за медицински науки и Здружението за дерматовенеролози на Македонија. Опфатени беа теми од рак на кожата до влијанието на аерозагадувањето врз кожата, а свои предавања пред присутните имаа и дерматолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доц.д-р Андреј Петров на тема „Ласерски третман на лузни од акни“ и д-р Весна Пљакоска на тема „Третман на хиперпигментација“ и патологот доц.д-р. Џенгис Јашар на тема „Харлеквин во патологијата - различни лица на исти ентитет“. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ докажа дека има искуство, кадар и знаење за дерматолошки интервенции со кои се докажува како водечка болница во регионот. Проектот за испитување на влијанието на загадувањето врз кожата е прво истражување што се прави во државата и што се изведува само во „Аџибадем Систина“. 


„Аерозагадувањето има свое влијание како врз сите човекови органи така и врз кожата. Ние спроведуваме и еден таков проект за 2020/2021 година, за кој говоревме и во рамки на симпозиумот и кој го спроведуваме во соработка со Европската академија за дерматологија. Го проценуваме влијанието на загадениот воздух врз кожата и преку проектот ќе добиеме одредени показатели каква е состојбата во моментот. Станува збор за интересен проект кој веруваме дека ќе биде од големо значење за науката во сферата на дерматовенерологијата“, посочи доц. д-р Андреј Петров.

Дел од симпозиумот беа и двете најголеми имиња на балканската и на европската дерматовенерологија во последните децении, поранешниот претседател на најголемата европска асоцијација на дерматолози ЕАДВ и професор од Универзитетот во Атина, професор Андреас Кацамбас  и професор Николај Цанков, дописен член на бугарската Академија на науки.

Ова е втора конференција за дерматологија во која „Аџибадем Систина“ е ко-организатор  заедно со Универизитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за медицински науки и Здружението за дерматовенеролози на Македонија. Интересот за овој симпозиум од година в година расте. Идејата е да продолжи и во иднина и да прерасне во традиционален.