Најновите карактеристики на телефоните Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4 и серијата часовници Watch5 ќе бидат достапни и за претходните генерации уреди

Добивај вести на Viber

Од проширување на опциите за персонализација до интуитивните функции за мултитаскинг и продуктивност, најновите надградби ќе им овозможат на уште повеќе корисници да го подобрат начинот на кој пристапуваат кон своето секојдневие

Посветен на создавање мобилни иновации кои не само што ги поместуваат границите на она што е возможно, туку и овозможуваат истите да ги користат што е можно повеќе луѓе, Samsung го воведува најновиот софтвер One UI 4.1.1 од моделите на телефони Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 и One UI Watch4.5 софтвер од серијата Galaxy Watch5 часовници во претходните генерации на Galaxy телефонитена преклоп и паметни часовници.

Надградбата на софтверот започна со моделите Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 на 5 септември и постепено ќе се воведува и во земјите ширум светот. Софтверот One UI 4.1.1 ќе се прошири и на моделите Galaxy Z Fold2, Z Flip и Z Fold[1]. Софтверот One UI Watch4.5 ќе биде поддржан на моделите Galaxy Watch4 и Galaxy Watch4 Classic[2]. Покрај тоа, корисниците на Galaxy Watch3 и Galaxy Watch Active2 ќе можат да уживаат во ажурирањата на софтверот[3] кои вклучуваат избрани софтверски функции One UI Watch4.5.

Полесен мултитаскинг со проширена функционалност на камерата

Уредите од серијата Galaxy Z го сменија она што можеме да го направиме со паметниот телефон и понудија нови нивоа на продуктивност и подобри начини за создавање. Благодарение на софтверот One UI 4.1.1, создадени се нови функции за продуктивност и камера за да ги направат веќе моќните уреди уште поинтуитивни. 

Добивате повеќе од лентата со задачи (Taskbar)

Суштината на серијата Galaxy Z Fold отсекогаш била промена на формата, со различни начини за зголемување на функционалноста без разлика дали вашиот уред е отворен или затворен. Со новата лента со задачи[4], можете да пристапите и да се префрлате од една на друга апликација побрзо од кога било досега, со познат екран како на работната површина, кој става сè што ви треба со допир на прст. 

Отворете повеќе прозорци од каде било

Со поддршка за влечење и спуштање директно од лентата со задачи, мултитаскингот[5] на телефонот Galaxy Z Fold4 е полесен од кога било досега. Поминувањето на апликацијата до работ сега отвора приказ на поделен екран, а со повлекување до средината ќе се отвори скокачки прозорец, што ќе ви даде повеќе начини да ги видите вашите апликации и лесно да се префрлате помеѓу приказите.

Понекогаш најдобрите апликации се користат заедно со друга апликација. Ако има апликации што ги користите заедно, сега можете да додавате парови или групи на апликации во лентата со задачи, што ќе ви овозможи истовремено да пристапите до вашите омилени парови на апликации.

Функциите за повеќе задачи сега се поинтуитивни и полесни за интеракција благодарение на новите гестови.[6] Со едноставно лизгање, можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на скокачки прозорци или да го поделите екранот на половина за да имате повеќе начини да управувате со она што го правите. 

Нови начини за целосно искористување на камерата со двоен екран на Galaxy Z Fold

Серијата Galaxy Z нуди навистина разновидно фотографско искуство и максимално го користи својот флексибилен дизајн. Со Dual Preview, вие и лицето кое го фотографирате можете да ја видите снимката во исто време пред да ја фотографирате со тоа што фотографијата ќе се појави и на главниот и на надворешниот екран. Сега со целосна контрола на камерата директно на надворешниот екран, можете да правите селфи од висок профил со главната камера користејќи ја функцијата за селфи на задната камера. 

Телефон што се преклопува, флексибилна камера[7]

Надградбата до фотографирање со голема брзина во серијата Galaxy Z Flip сега ви овозможува да ja прегледате претходната и да фотографирате во вистинскиот сооднос на надворешниот екран, а исто така имате пристап до режимот на портрет за да го направите секој момент фотогеничен. Можете исто така лесно да се префрлите од режим на брзо фотографирање во флексибилен режим[8] додека фотографирате или снимате видео, што ќе ви овозможи да ги менувате аглите без прекин, за вистинско искуство без раце. 

Поголема моќност на екранот на преклоп[9]

Софтверот One UI 4.1.1 ја носи целата нова функционалност на надворешниот екран во серијата Galaxy Z Flip, овозможувајќи ви да правите повеќе работи од кога било досега без да го отворите телефонот. Повикајте ги омилените контакти, враќајте ги пропуштените повици, па дури и одговарајте на пораки преку глас во текст и емотикони директно од надворешниот екран. Сега, исто така, може да имате поголема контрола врз вашиот уред со дополнителни опции за брзо поставување, вклучувајќи Wi-Fi, Bluetooth, авионски режим и лампа. 

Дополнителни карактеристики за персонализација, удобност и здравје на претходните генерации на Galaxy часовници

Samsung им овозможува на постоечките корисници на Galaxy Watch комплетно искуство со вклучување на опции за прилагодување и дополнителни функции кои носат придобивки во нивниот секојдневен живот.

Повеќе лица на часовникот и повеќе начини да ги приспособите на вашите потреби

Софтверот One UI Watch4.5 носи нови живописни и интерактивни лица на часовникот, палета на свежи нови бои и динамични комбинации во серијата Galaxy Watch4. Сега опциите за оригиналниот изглед се уште поразновидни, така што корисниците можат да го усогласат својот уникатен начин на живот со совршениот тип на екран. Списокот на омилени лица за часовници ви овозможува да ги зачувате вашите комбинации и да пристапите до нив брзо и лесно. 

Поудобна комуникација со новата QWERTY тастатура

Софтверот One UI Watch4.5 ја прави комуникацијата полесна и поудобна од кога било досега. Корисниците имаат повеќе избор за да комуницираат директно од зглобот со додавање на QWERTY тастатура на постоечките функции за препознавање глас и ракопис[10], што им помага на корисниците беспрекорно да се префрлаат на различни стилови на комуникација во различни прилики.

Тековна софтверска поддршка за Galaxy Watch3 и Galaxy Watch Active2

Дополнително, од крајот на септември, новото ажурирање на софтверот ќе им овозможи на корисниците на моделите Galaxy Watch3 и Galaxy Watch Active2 да уживаат во некои нови функции од серијата Galaxy Watch5, вклучувајќи две нови фаци на часовници - градиентни броеви и про аналогни - кои ќе им помогнат на корисниците подобро да го изразат, својот вкус и стил, како и следење на 'рчењето за подобра анализа на квалитетот на сонот.

Дополнително, апликацијата за следење на здравјето[11] на крвниот притисок (КП)[12] и електрокардиограмот (ЕКГ)[13] на Samsung ќе се прошири на корисниците на Galaxy Watch3 и Watch Active2 на 24 нови пазари, давајќи им подобар увид во нивното целокупно здравје.



[1] Достапноста може да зависи од пазарот, уредот или операторот

[2] Достапноста може да зависи од пазарот, уредот, операторот или спарениот телефон. Ажурирањрто ќе биде најпрво достапна на Bluetooth верзиите, а подоцна и на LTE верзиите. Потребни се најновата верзија на апликациите Galaxy Wearable и Galaxy Watch приклучок.

[3] Достапноста може да зависи од пазарот, уредот, операторот или спарениот телефон. Ажурирањрто ќе биде најпрво достапна на Bluetooth верзиите, а подоцна и на LTE верзиите. Потребни се најновата верзија на апликациите Galaxy Wearable и Galaxy Watch приклучок.

[4] Функцијата taskbar е поддржана само на главниот екран

[5] Одредени апликации можеби нема да поддржуваат повеќе активни прозорци или спарување апликации.

[6] Потребно е активирање на опцијата Labs во поставките.

[7] Функцијата достапна само за Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Flip3.

[8] Флекс режим поддржан под агли помеѓу 75° и 115°.

[9] Функцијата достапна само за Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Flip3.

[10] QWERTY тастатура, лизгање за пишување, препознавање глас и достапност на ракопис може да зависат од јазикот.

[11] Поради пазарните ограничувања при добивање одобрение/регистрација како медицински уред, функциите на крвниот притисок и ЕКГ работат само на часовници и паметни телефони купени на пазарите каде што оваа услуга е моментално достапна (сепак, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не постои). За повеќе информации и најновите ажурирања на пазарите со оваа услуга, посетете ја https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor.

[12] Функцијата за крвен притисок е достапна само на одредени пазари. За точност, корисниците треба да го калибрираат својот уред на секои четири недели користејќи стандарден манометар. Апликацијата KP не може да дијагностицира хипертензија и други состојби или да провери дали има знаци на срцев удар. Оваа апликација може да се користи за мерење на луѓе на возраст од 22 или повеќе години. Тоа не е замена за традиционалните методи на дијагноза или третман од страна на квалификуван здравствен работник.

[13] Функцијата ЕКГ е достапна само на одредени пазари. Апликацијата ЕКГ не е замена за традиционалните методи на дијагноза или третман. Апликацијата ЕКГ не е наменета за корисници кои имаат потврдена аритмија освен атријална фибрилација или за корисници на возраст под 22 години. Корисниците не треба да толкуваат или преземаат чекори за лекување врз основа на резултатите на уредот без да се консултираат со квалификуван здравствен работник.


ПР објава