Најопасна е после секс: Предизвикува бројни болести, продира длабоко до самите органи
Често пати мислиме дека само нашите баби бea опседнати со промаја, но се чини дека не е така. Имено, промајата не ја сакаат ни во Кина, дури и до толку, што се смета за најголемо и најопасно зло.
Традиционалната кинеска медицина верува дека премногу промаја или ветер е една од главните причини за многу болести. Исто така, се смета за водечко зло на Чи (Чи енергија) од шесте зла на болеста (ветер, студ, влажност, суша, топлина и летна топлина). Другите пет зла на Чи се придружуваат кон ветрот и го напаѓаат човечкото тело, како што се студени ветрови, топли ветрови, влажни ветрови. Пронајата се однесува на ветрот измеѓу прозорците, вратите, две згради, два ѕида или објекти. Колку е поголема зградата, толку е посилен ветерот, а „благиот“ ветер, поостар, пишувадокторката по кинеската медицина, Анџела ТианЖу.
Промајата е крајно опасна според Кинезите, затоа што е поостра од обичниот ветер. Може да навлезе во нашата кожа, органи и тело, особено ако сме болни и имаме ослабен имунитет. Децата и старите лица се најранливи на нејзиното влијание, додава Жу. Секогаш ќе го нападне послабиот дел од телото, ќе остане таму и ќе направи штета, вели таа. Таа исто така опиша како промајата влијае на одредени делови од телото: ако ги погоди зглобовите, луѓето ќе чувствуваат болка во нив, што резултира во артритис. Ако ветрот е ладен или жежок и ја погоди главата (или луѓето излегуваат со влажна коса), тоа може да доведе до главоболка, болки во уво, болка во забите или грлото.
Повеќе за ова читајте на Машки магазин