Најпрактичниот и најубавиот тренд за пролет-лето: Ова парче облека ви е потребно за да бидете „скоцкани“
Сакаме цветни фустани! Ова е разиграно, едноставно парче кое
е задоволство да се носи и кое многу лесно се комбинира, а остава силен
впечаток.
Оваа пролет и лето, цветниот принт ќе биде неизбежен - тоа е тренд кој не поминува, а фустаните со овој дизајн се посебно модно уживање. Кој крој ќе го изберете зависи од вашата фигура и каков ефект сакате да постигнете, а модерни се и супер кратки и миди или макси должини. Лелеави, припиени за телото, на преклоп или со валови- изборот е само ваш, се додека се украсени со впечатливи бои и големи или мали цветови.
Цветните фустани ја нагласуваат женственоста и понежната, женствена особина на личноста, а одлично е да ги имате во вашата гардероба, се што треба да направите е да ги носите со еднобојни балетанки, рамни сандали или патики и подготвени сте за многу секојдневни обврски .
Најголемата предност на ваквите фустани е тоа што лесно се трансформираат во парче за забава или посвечен настан, доволно е да ги носите со ефикасен додаток и чевли со високи потпетици.
Фото: Профимедиа
Извор: Жена.блиц
ГАЛЕРИЈА: