Најромантичниот пар на естрадата: Татјана и Новица го користат секој момент да покажат дека љубовта е сè и над сè

Добивај вести на Viber

Еден од најзаљубените и најромантичните парови, не само на македонската, туку воопшто на музичката сцена, секако се Татјана Лазаревска и Новица Василевски кои живеат во Мелбурн.

По пет години откако се преселија во Австралија, Татјана и Новица со синовите Стефан и Петар се среќни што живеат во сопствен дом, во кој се вселија на почетокот на оваа година.

Фолк-двојката, го користат секој можен момент да покажат дека љубовта и среќата се сè и над сè. И, скоро секогаш, ги споделуваат тие моменти со своите пријатели, роднини, колеги… преку социјалните мрежи.

Така пред некој ден беа на пикник во природа, и направија нова заљубена фотка. 

„Убаво е чувството кога знаеш дека за се' во животот имаш на кого да се потпреш“, напиша Татјана во описот на оваа фотографија.

Бидејќи сега е пролет во Австралија популарната двојка излегоа на прошетка и совршено се вклопуваат во околината.

Тие се 17 години во брак, а нивните два сина веќе се големи момци.

Очигледно нивната љубов со текот на годините станува се' посилна, за тоа сведочат и бројните фотографии на кои тие двајцата изгледаат едноставно пресреќни.