Најскапата песна, а сите ја знаеме и пееме: 100.000 евра за само овие пет збора
Марина Туцаковиќ со децении важи за една од најдобрите текстописци во Србија и пошироко, па така таа е креатор на многу познати песни. Меѓу нив е и дел од хитот „Зора je“ песна на Неда Украден, која пејачката ја испеа во осумдесеттите години.
- Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние двајцата неколкупати се расправавме околу насловот на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора е“, потоа „Милане, зора е“.
- Последната и конечна верзија на
песната е „Зора е“. На крајот ја повикав Марина
Туцаковиќ, која напиша само еден стих, а тоа е „Suza je iz oka kanula“. Тој стих нејзе и донесе над 100 илјади евра - изјави Неда Украден во
една прилика во емисијата „Гламур“.
Фото: Youtube/1tv.mk
Го изгубив детето, што може полошо да ми се случи: Марина Туцаковиќ искрена и емотивна