Најсовремена технологија и нови врвни експерти

Добивај вести на Viber

Со цел да ја овозможиме најдобрата и најбезбедна грижа за пациентитe, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ низ годините континуриано инвестира во последната генерација медицински апарати за дијагностика и третман. Со вкупна инвестиција од над 20 милиони евра во опрема го создадовме Дијагностичкиот имиџинг центар опремен со најсовремена технологија, а последен од низата современи апарати е еден од најбрзите томографи со 512 пресеци во ротација апаратот за компјутерска томографија, Revolution Apex CT 512-Slices

Како најголема приватна болница во земјава и референтен центар во регионот „Аџибадем Систина“ секогаш настојува да им ja овозможи на пациентите најдобрата медицинска грижа по светски стандарди. Покрај  инвестицијата во најсовремена медицинската технологија, како врвна здравствена институција се стремиме во нашето големо семејство да ги привлечеме и задржиме најдобрите здравствени работници. Во изминатиов период во нашиот тим се приклучија над 30 врвни и еминентни  доктори чие што знаење и искуство го надополнува нашиот медицински тим и ја унапредува здравствената услуга за пациентите. Во болницата работи тим од повеќе од 200 доктори специјалисти, а нивната експертиза надополнета со најсовремената медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент. Од еминентните доктори кои се приклучија во нашиот тим ги издвојуваме:

* Проф. Д-р Андреjа Арсовски, еминентниот и искусен специјалист по градна хирургија, кој се приклучи во Одделот Хирургија. Во своето 35-годишно искуство, експертиза му се најсложените интервенции на дојка, штитна жлезда, бели дробови, ѕид на градниот кош и проширени вени.

Одделот за гинекологија, акушерија и стерилитет во својот тим го доби проф. Д-р Глигор Димитров, висококвалификуван и искусен професионалец со над 35-годишно искуство во областа на гинекологијата, а со особен интерес и експертиза за асистираната репродукција и минимално инвазивна гинеколошка хирургија.

* Проширен е и тимот на уролози, со искуството и знаењето на проф. Д-р Сотир Ставридис, чија експертиза му се најсложените лапароскопски и класични радикални операции, поврзани со малигните болести на урогениталниот тракт. Покрај проф. Д-р Ставридис одделот за урологија е составен од еминентни доктори од земјава и регионот, кои за пациентите со уролошки проблеми обезбедуваат високософистицирана нега. Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија е лидер во земјава и регионот. Предводник на одделот е д-р Александар Мицковски, специјалист по урологија, со поле на интерес за минимално инвазивни уролошки интервенции, ласерска урологија и микрохируршки процедури, како и  комплетен  третман при  машка неплодност. Заедно со својот тим учествувал во изведувањето на најсложените лапароскопски уролошки интервенции. Во неговиот тим меѓу последни се приклучија и д-р Владимир Којовиќ, еден од најпознатите уролози, детски хирург и микрохирург, со над 20- годишно искуство во урологијата и гениталната реконструктивна хирургија. Д-р Зоран Крстаноски кој е еден од најискусните уролози во Југоисточна Европа, пионир во воведување и стандардизирање на многу нови минимално инвазивни хируршки методи на овие простори во Југоисточна Европа. Во тимот ни се приклучи и истакнатиот проф. Д-р Оливер Станков.

Со гордост најавуваме дека во нашиот тим во идниот период ни се приклучуваат и проф. Д-р Игор Кафтанџиев, специјалист по трауматологија, кој доаѓа на позицијата медицински директор. Во областа на интервентната радиологија ни се приклучуваат интервентниот радиолог доц. Д-р Александар Ѓорески, кој ќе биде шеф на одделот радиологија. Д-р Ѓорески се занимава со васкуларна и неваскуларна интервентна радиологија со посебен интерес во третман на онколошки пациенти, аблација и хемоемболизација на тумори. Во неговиот тим ќе биде и доц. Д-р Менка Лазареска, спец. Интервентен неврорадиолог, со над 15 годишно искуство во оваа област. Поле на интерес и се наредни техники на магнет, третман на акутен исхемичен удар, емболизации на мозочни аневризми, третман на васкуларни тумори на глава и врат.

Секој од нив претставува експерт во својата област, а зад нив стои долгогодишно искуство и бројни задоволни пациенти.

ПР објава