Најсовремена технологија и нови врвни експерти во „Аџибадем Систина“
Со цел да ја овозможат најдобрата и најбезбедна грижа за пациентитe, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ низ годините континуриано инвестира во последната генерација медицински апарати за дијагностика и третман.
Со сериозна инвестиција од над 20 милиони евра од отворањето на болницата до денес, го создадоа Дијагностичкиот имиџинг центар опремен со најсовремена технологија. Како најголема приватна болница во земјава и референтен центар во регионот „Аџибадем Систина“ секогаш настојува да им ja овозможи на пациентите најдобрата медицинска грижа по светски стандарди.
Покрај инвестицијата во најсовремена медицинската технологија, како врвна здравствена институција се стремат во нивното големо семејство да ги привлечат и задржат најдобрите здравствени работници.
Во изминатиов период во нивниот тим се приклучија над 30 врвни и еминентни доктори чие што знаење и искуство го надополнува медицински тим и ја унапредува здравствената услуга за пациентите. Во болницата работи тим од повеќе од 150 доктори специјалисти, а нивната експертиза надополнета со најсовремената медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент. Од еминентните доктори кои се приклучија во тимот ги издвојуваме:
·Проф. д-р Андреjа Арсовски, еминентниот и искусен специјалист по градна хирургија, кој се приклучи во Одделот Хирургија. Во своето 35-годишно искуство, експертиза му се најсложените интервенции на дојка, штитна жлезда, бели дробови,ѕид на градниот кош и проширени вени.
·Одделот за гинекологија, акушерија и стерилитет во својот тим го доби проф. д-р Глигор Димитров, висококвалификуван и искусен професионалец со над 35-годишно искуство во областа на гинекологијата, а со особен интерес и експертиза за асистираната репродукција и минимално инвазивна гинеколошка хирургија.
·Проширен е и тимот на уролози, со искуството и знаењето на проф. д-р Сотир Ставридис, чија експертиза му се најсложените лапароскопски и класични радикални операции, поврзани со малигните болести на урогениталниот тракт. Покрај проф. д-р Ставридис од делот за урологија е составен од еминентни доктори од земјава и регионот, кои за пациентите со уролошки проблеми обезбедуваат високософистицирана нега.Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија е лидер во земјава и регионот.
Предводник на одделоте д-р Александар Мицковски, специјалист по урологија, со поле на интерес за минимално инвазивни уролошки интервенции, ласерска урологија и микрохируршки процедури, како и комплетен третман при машка неплодност. Заедно со својот тим учествувал во изведувањето на најсложените лапароскопски уролошки интервенции. Во неговиот тим меѓу последни се приклучија и д-р Владимир Којовиќ, еден од најпознатите уролози, детски хирург и микрохирург, со над 20- годишно искуство во урологијата и гениталната реконструктивна хирургија. Д-рЗоран Крстаноски кој е еден од најискусните уролози во Југоисточна Европа, пионир во воведување и стандардизирање на многу нови минималноинвазивни хируршки методи на овие простори во Југоисточна Европа. Во тимот се приклучи и истакнатиот проф. д-р Оливер Станков.
Со гордост најаваат дека во нивниот тим во идниот период се приклучуваат и проф. д-р Игор Кафтанџиев, специјалист по трауматологија. Во областа на интервентната радиологија се приклучуваат доц. д-р Менка Лазареска, спец. интервентен неврорадиолог, со над 15 годишно искуство во оваа област. Поле на интерес и се наредни техники на магнет, третман на акутен исхемичен удар, емболизации на мозочни аневризми, третман на васкуларни тумори на глава и врат. Дел од овој оддел ќе биде и интервентниот радиолог доц. д-р Александар Ѓорески, специјалист радиолог кој се занимава со васкуларна и неваскуларна интервентна радиологија со посебен интерес во третман на онколошки пациенти, аблација и хемоемболизација на тумори.
Во тимот наскоро се приклучува и истакнат доктор во областа на неврохирургијата,
Секој од нив претставува експерт во својата област, а зад нив стои долгогодишно искуство и бројни задоволни пациенти.