Најстарата жена на планетата живее покрај море

Добивај вести на Viber

Најстара жена на планетата е Катерина Карнару од грчкиот остров Пелопонез, која има 112 години, а која со оваа титула се стекна откако пред некое време почина јапонката Наби Таџима, на 117 години.

„Имаше многу тажни моменти во мојот живот. Мојот сопруг почина, а и моите деца, додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше капетан во морнарицата. Штом отиде в пензија, изгради куќа во Атина. Но, бргу потоа почина и не стигна да ужива во неа... “– раскажува старицата во интервју за локален медиум.

Според официјални документи, Карнару е родена на 25 јули 1905 година, а летово ќе наполни 113 години.