Најтренди парчиња за оваа пролет: Мора да ги имате во гардеробер
Океј, време е да го прифатиме фактот дека зимата е скоро готова и време е за пролетни парчиња и пролетни бои, а овие се најтренди според светските трендови...
Во новите колекции на светски познатите брендови, голема популарност се дава на една одредена боја - а тоа е жолтата! Речиси е невозможно да се најде жолто парче кое не е распродадено.
Факт е дека жолтата боја изгледа добро на секој, а искомбинирана во вистински стил дава одраз на модерна дама. Затоа ви ги претставувавме четирите модни комбинации кои мора да ги има секоја жена оваа пролет. Во бајковита атмосфера, со одличен и квалитетет материјал, моделите на брендот „Bella“ освојуваат на прв поглед, а во нив може да се пронајдат и модерни девојки, како и деловни дами.
1. Тренди костим во жолта боја
Костимите дефинитивно се едни од најомилените модни комбинации на женската популација. Ако порано важеа за класика која ја преферираат деловните дами, сега костимите се носат за ноќни излегувања, свечености и ред други прилики.
За пролетта што следува, ние ви предлагаме костим со класичен крој во бојата на сонцето, составен од палто и панталони, кои изгледаат одлично доколку се искомбинираат со црна кошула, но и црни високи потпетици и чанта.
2. Дводелни парчиња- сако и здолниште
Уште еден голем моден тренд од кој не се откажуваме е комбинирање на ист горен и долен дел. Оваа пролет предлагаме тоа да биде во нежни тонови. Одличен пример за тоа е пенсил здолништето во бела боја и сакото во детали во црна и жолта боја.
Проверена комбинација и избор без грешка за деловни дами, но нема да погрешите и доколку сакото го облечете со црни панталони.
3. Фустан со цветен дезен
Пролетта нема да помине без фустани во сите должини, а со цветен дезен. Асиметричните фустани се совршени за комбинирање со вашите омилени обувки на висока потпетица.
Ако инвестирате во овој фустан, знаете дека ќе добиете дезен што се носи баш секоја година. Идеален е за секоја пригода, а без разлика на креацијата изгледа романтично и секси.
4. Свилена кошула во ефектна боја и широки панталони
Веќе напоменавме дека жолтата моја е „must have“ оваа пролет. Важи за боја која привлекува внимание и носи една позитивна енергија каде и да ја видиме.
Па зарем не би биле во центарот на вниманието доколку ја изберете оваа преубава свилена кошула во ефектна жолта боја. Може да ја комбинирате со секакви парчиња, а наш фаворит се црните широки панталони.
Д.К.