Животна училница // Приказни
Најубав на мама: Петар, поголемиот син на Татјана и Новица е матурант (ФОТО)
- 18 Февруари, 2022
Пејачката Татјана Лазаревска со семејни фотографии се пофали дека нејзиниот поголем син слави матура.
Татјана и Новица веќе неколку години живеат во Австралија и заедно со нивните синови Петар и Стефан, уживаат во убавините што ги нуди градот Мелбурн. Па, така Татјана на својот Фејсбук профил често споделува фотографии од нивните семејни моменти.
Дека се семејство за пример, во кое владее мир, хармонија, љубов и почит, говорат и фотографиите од прославата за матура на кои среќната мајка Татјана блеска покрај матурантот Петар.
Гордата мајка сподели фотки и од Петар заедно со помалиот брат, Стефан
Повеќе фотографии:(ГАЛЕРИЈА) Татјана и Новица купија куќа во Мелбурн