Најубава од сите приказни за љубовта- мајчинството

Никој и ништо не може да ве подготви за мајчинството. Но, исто така никој не може да ве подготви за тоа чувство кога децата стануваат луѓе…

„Ако можев да го вратам времето, ќе ѝ кажам… Дека еден ден ќе погледне наназад, кога ќе се крене маглата и ќе сфати дека тоа беа денови исполнети со магија. Онаква магија што можете да ја разберете само долго време по трикот. Мед и пелин.

Би ѝ кажала дека спомените во кои таа ќе се изгуби не само што ќе бидат некои големи работи, туку и оние долги непроспиени ноќи. Нема да го заборави заморот, но носталгијата ќе ги обои сеќавањата и одеднаш ќе се фати себеси обидувајќи се со сите сили да ги зграби тие сеќавања и да дише во сите галење и бескрајни прегратки повторно.

Би ѝ раскажувала за солзите, за тоа дека се учи по нешто со секоја од нив. Би ѝ кажала дека не мислам само на бебешките солзи.

Ќе ѝ кажам дека ќе има време повторно да биде сама, но ќе ѝ се чини дека две срца се оддалечиле едно од друго. Ќе се запраша дали ќе се чувствува вака сега засекогаш? Би ѝ рекла дека сè уште немам одговор на тоа прашање.

Би ѝ кажала дека очите ќе се затворат, сонцето повторно ќе изгрее, но меѓу тие моменти, ќе се чувствува сама меѓу ѕвездите. И, би ѝ открила дека секоја од тие sвезди е друга мајка која се чувствува исто како неа. И дека таа никогаш не е сама.

Би ѝ рекла дека не мора да биде совршена мајка и дека моментот кога ќе помисли дека треба да биде, истиот тој, ќе верува дека не е доволно добра.

Јас би ѝ рекла дека помрднува планини, дури и кога изгледа дека го губи тлото под нозете.

Особено тогаш.

Јас би ѝ рекла дека, на некој начин, навистина станува полесно, но дека сè што има прв пат, има и последен. И дека најтешко од сите моменти е кога сфаќаме дека не сме разбрале на време дека веќе тоа е затворено поглавје. Потоа во паника се враќаме наназад, листајќи низ страниците, обидувајќи се да го фатиме тој момент кога заборавивме да се збогуваме со последниот погрешно изговорен збор, од тоа последно „Мамо, носи ме“...

Би ѝ кажала дека тоа не е обична приказна за љубовта, мајчинството е сурова, неизвесна верзија, со сите свои грешки, што ја прави најубава од сите љубовни приказни.

Ќе се обидам да ѝ ја опишам моќта на таа бескрајна љубов што се чувствува, што одеднаш ќе те преплави, преплаши и гушне во исто време.

Дека таквата љубов е единствената што зборува најгласно без ниту еден глас.

Но, нема да ѝ кажам, за како и сите нас, да заборави, така што кога ќе дојде време, таа самата повторно да го открие тоа. Како што треба да биде.

Наместо сето тоа, јас само ќе ѝ кажам дека ја разбирам, дека е одлична и таква каква што е, е доволна за нејзините деца “.


Извор: zenskikutak.rs