Најубавата жена во светот го прослави 30-тиот роденден: Фустан кој не дозволува ништо помалку од совршена линија (ФОТО)
Поранешната мис на Америка и Мис Универзум, Оливија Кулпо го прослави својот 30-ти роденден во друштво на пријателите и семејството, а судејќи по сликите и видеата кои ги објави на Инстаграм, одлично се забавуваше.
Славеничката се појави во многу атрактивен фустан, кој бара голема самодоверба. Имено, сребрената мини креација има нагласено деколте, а шлицот е буквално до половината.
Извајаните нозе дополнително ги истакнаа во сандали со вртоглаво високи потпетици, додека долгата брановидна коса и шминката во нежни тонови беа нејзиниот избор на полето на убавината.
- Јас не сум човек кој може да биде на сокови или на некои сериозни диети. Ми одговара да намалам јаглехидрати и оброците да се базираат на протеини. Тоа ми лежи- откри Кулпо за својата совршена линија.
Извор: stil.kurir.rs