Те ​​сакам не поради тоа што си, туку поради она што сум јас кога сум со тебе: Најубавите цитати од Габриел Гарсија Маркес

фото:Profimedia

Уживајте и инспирирајте се од мудроста на генијалниот Габриел Гарсија Маркес -  еден од најголемите латино-американски писатели на 20-ти век:

1. Те ​​сакам не поради тоа што си, туку поради она што сум јас кога сум со тебе.

2. Никој не ги заслужува твоите солзи, а оние кои ги заслужуваат нема да те расплачат.

3. Само затоа што некој не ве сака како што вие сакате, не значи дека не ве сака со целото свое срце.

4. Вистински пријател е некој кој ќе те држи за рака и ќе го почувствува твоето срце.

5. Најлошиот начин да ви недостасува некој е да бидете со него и да сфатите дека тој никогаш нема да биде ваш.

6. Никогаш не престанувајте да се смеете, дури и кога сте тажни, некој може да се заљуби во вашата насмевка.

7. Можеби си само личност на овој свет, но за некој си цел свет.

8. Не губете време со личност која не сака тоа време да го помине со вас.

9. Можеби Бог сака да запознаваме погрешни луѓе пред да ја запознаеме ТАА личност. Затоа, кога тоа ќе се случи, ќе бидеме благодарни.

10. Не плачете затоа што е готово. Насмевнете се затоа што било.

11. Станете подобра личност и разберете кои сте пред да запознаете нова личност и да се надевате дека ќе ве разбере.

12. Не трудете се толку многу, сè што е најдобро се случува неочекувано.


извор:stil.kurir