Најуспешните жени ги имаат овие три особини: Најпознатиот руски психолог открива што е потребно за да бидете најдобрата верзија од себе
Познатиот руски психолог Михаил Лабковски има преку 30 години практично искуство, а работи на радио и телевизија над 20 години. Тој се смета за еден од најпопуларните психолози на Интернет. Неговите ставови се цврсти и вистинити, а ретко кој е рамнодушен кон Лабковски - луѓето или го обожаваат или го презираат.
Овој пат ви ги пренесуваме тврдењата на психологот Михаил Лабковски за тоа кои 3 особини ги имаат најсреќните жени и зошто е важно да ги развивате во себе.
1. Бидете свои
Михаил Лабковски смета дека жените никогаш не треба да се преправаат дека се некој друг, особено за да го импресионираат потенцијалниот партнер. Бидете искрени и реални, вистинските вие, онакви какви што навистина е вашата природа.
2. Не се враќајте во минатото
Многу жени постојано го преиспитуваат своето минато и се прашуваат дали можеле поинаку, кои грешки би можеле да ги поправат. Не гледајте често наназад, не живеејте така што минатото ја обликува вашата сегашност - ова станува пречка за среќна иднина. Бидете сигурни во себе и во своите способности - некои работи се случуваат со причина, за да ве поттикнат и да ве направат токму такви какви што сте сега - совршени.
3. Имајте свое мислење
Михаил Лабковски смета дека е погрешно да се верува дека идеална жена е онаа која е „глупава“ и попустлива. Посочува дека среќна и успешна жена е онаа која има карактер, знае да постигне компромис, да најде заеднички јазик, но и да го истакне и да се држи до својот став. Среќа има и жена која има самодоверба.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: Женаблиц