Најважно ѝ е тој да е здрав и да ја придружува до олтарот: Ќерката на Брус Вилис ги забрза плановите за венчавката
Сакале да ја одложат венчавката, но како што пишуваат медиумите, Талула Вилис се предомислила и решила да ги забрза работите.
Најстарата ќерка на Брус Вилис, Талула, решила да ги забрза плановите за венчавката за да може нејзиниот татко да ја однесе до олтарот.
Имено, како што пренесуваат американските медиуми, Талулс ќе ја забрза организацијата околу венчавката, за да може да присуствува и Брус кој неодамна ја заврши актерската кариера поради болеста афазија.
Талула се мажи за 33-годишниот режисер Дилон Бус. Сакале да ја одложат венчавката, но како што пишуваат медиумите, Талула се предомислила и решила да ги забрза работите за да може нејзиниот татко, познатиот актер Бус Вилис да ја однесе до олтарот.
– Најважно им е и тој да биде присутен, но и да биде доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.
Да потсетиме, Талула е една од трите ќерки кои Брус ги доби во бракот со Деми Мур. Тој отсекогаш бил близок со нив, како и со поранешната сопруга.
извор:telegraf.rs