Најздравото овошје на светот: Содржи многу повеќе витамин Ц од лимонот, ја смирува кашлицата и ги чисти белите дробови

Добивај вести на Viber

Дуњата содржи изобилство на витамини, а во народната медицина се користи со децении. Примарно се користи за ублажување на кашлицата и смирување на стомачните проблеми ...

Помага и самиот плод, но и семките и листовите. Дуњата може да се јаде свежа, малку е потврда, но е вкусна, а може да се направат сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни во отстранувањето на многу здравствени проблеми. 

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Најефективен дел од дуњата се семките од кои се прави чај. Кога се оставаат во вода, семките ослободуваат слуз што ги решава проблемите со кашлицата и го чисти респираторниот систем. Покрај тоа, тие содржат големи количини на амигдалин, или витамин Б17, кој има антиканцерогени ефекти. Семето е исто така богато со масти, танини, пектин, шеќери, емулзија и протиди. 

Благодарение на танинот и слузот, дуњата поволно делува на работата на цревата и спречува заразни болести. Пектинот има благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња помага при кашлица, астма и дијареа, додека за анемични лица се препорачува печена или варена дуња, но и за лекување на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна менструација.

Подготовка на сок од дуња:

Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, па процедете ги низ газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо се оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.

Подготовка на чај од дуња:

Семките од дуњата прелијте ги со врела вода, оставете да отстои неколку минути и потоа испијте го чајот.


Фото: freepik/Shutterstock

Шест продукти кои ги спречуваат грчевите во мускулите: Здрави се и полни со магнезиум