Намалете го стресот и напнатоста со овој краток ритуал
Не е секогаш лесно и можно да се направи релаксирачка купка.
Посебно ако живеете во забрзано темпо, или вашата када е премала. Но, постои начин да уживате во предностите на опуштање без губење многу време, напор и козметички производи. Доволно е да направите релаксирачка купка за стапалата. Потребни ви се 5 минути, неколку чекори и длабоко дишење. Ова е доволно да се ублажи стресот.
Состојки:
-поголем лавор
-морска сол
-масло за тело
-етерично масло по ваш избор
-топла вода
-пилинг за тело
Начин на подготовка:
Ставете ја водата во сад. Нека биде доволно топла за да не се излади премногу брзо. Додајте ja солта, а потоа маслото за тело кое ќе спречи сушење на кожата на нозете. Ако сакате, можете исто така да додадете есенцијално масло. Најдобро е да користите лаванда која ќе ве опушти. Додека нозете се во сад, лесно масирајте ги со пилинг за тело.
Оставете го телефонот на страна, дишете длабоко и уживајте во релаксирачкиот третман.