Наместо свадба - крај на врската? Меган Фокс со еден потег ги збуни сите и откри дека нивната љубов завршила
Актерката Меган Фокс ги избриша сите фотографии со вереникот Машин Ган Кели, а потоа објасни и што се случило...
Актерката Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели се во врска од 2020 година, а во јануари минатата година се верија и со тоа својата врска ја ставија на едно повисоко ниво, барем досега.
Сепак, изгледа дека на актерката наместо свадбените ѕвона, ѝ ѕвонат оние за крај на врската, ако може да им се верува на нејзините најнови потези на социјалната мрежа Инстаграм.
За потсетува, пред само неколку дена, американската актерка беше возбудена поради тоа што нејзиниот вереник е номиниран за Греми награда.
Сепак, судејќи по сѐ, бајката се расипала синоќа, бидејќи Меган Фокс јасно стави до знаење дека тие двајца се веќе минато.
Вчера беа видени на еден настан во Аризона и делуваше дека сѐ е во ред со нив.
Меѓутоа, неколку часа подоцна, Меган ги избриша сите нивни заедни фотографии од Инстаграм.
А, потоа објави низа актрактивни селфиња пред огледало, со стилистот кој стои зад неа.
На последното видео во низата се гледа и писмо кое гори, а иако не знаеме на што точно се однесува, јасно е дека работите помеѓу неа и музичарот не се во најдобар ред.
И само што помисливме дека ништо не ни е јасно, Меган објасни сѐ во описот на фотографијата.
„Можам да го почувствувам вкусот на срамот, тоа е во твојот здив“ - напиша таа на Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од песната „Limonade“, која ја испеа Бијонсе и за која се верува дека е посветена на наводната афера на Џеј Зи.
„Ако неа ја изневерило момчето, за другите жени нема надеж“ - гласеше еден од коментарите под оваа фотографија.
Интересно е тоа што актерката потоа го избриша и својот профил на оваа социјална мрежа, па дури сега навистина не е јасно што навистина се случило.фото: Принтскрин / Инстаграм