Наполнив 50 години: И навистина повеќе не ми е гајле за овие работи...
Сега кога ќе
погледнам наназад, се чувствувам како да сум поминала повеќе од половина од
мојот живот внимавајќи за мислењата на погрешните луѓе. Всушност, тоа не е
чувство - јас навистина го правев тоа. Сега, кога наполнив педесет години,
ги разбрав вистинските вредности на животот. Сфатив дека навистина не ми е
гајле за некои работи кои толку многу ми беа пречка за да бидам среќна низ годините...
Нема повеќе да молчам.
Не сакам повеќе да молчам кога некој ќе ми каже нешто што не ми се допаѓа. Не сакам да климам со главата или да се согласувам со секој глупав и „самобендисан“ маж. Не сакам да молчам за неправдата. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам да кажам на цел глас, бидејќи животот стана прекраток за да молчам.
Повеќе нема да се грижам за тоа како им изгледам на другите.
Со години им завидувам на мажите, бидејќи не мораат да ја бојат косата на секои дваесет дена за да ги покријат седите влакна. Мажите не мора да ставаат килограми пудра на своето лице наутро, ниту се грижат дали се појавуваат нивните брчки на лицето кога се смеат. Сега сум доволно искусна за да знам дека сум најубава каква што сум. Сè уште ќе се грижам за себе, но сега веќе нема да одам на конкретни датуми за да ја фарбам косата. Па што ако пешачам неколку дена со некое седо влакно кое ѕирка? Ако ви пречи, не гледајте.
Немам време постојано да држам џогер и правосмукалка.
Немам и точка! Не сум неуредедна, но мојата куќа повеќе не е „како аптека“. Уредно е, но не е како порано. И како мислите што ќе прававам? Ќе читам, ќе уживам!
Имам доволно спомени.
Тие ситници кои со години се трупаат во фиоки и само создаваат неред, одамна се во ѓубре. Знам, не ми е јасно зошто чував користен авионски билет стар 17 години. Фото албумите ги зачував, а се останато (освен магнетот од фрижидерот) или дадов или фрлив. Едноставно.
Повеќе нема да се дружам со оние кои не ми одговараат.
Далеку од тоа дека сум вообразена или пребирлива, но навистина веќе немам трпение да слушам озборувања и други бескорисни глупости кои апсолутно никако не ми се корисни. Ако порано, поради одредени причини, морав да трпам негативни луѓе, сега навистина веќе не морам.
Веќе немам сила да го барам само доброто во луѓето.
И никогаш повеќе нема да трошам време на тоа, без разлика дали имам сила или не. Не се сите луѓе добри. Го знам тоа долго време. Повторно, не сум ни по теории на заговор, дека сите се лоши. Сепак, факт е дека ако некој направил нешто лошо, тогаш во 99% од случаите тоа го направил со лоша намера. На првиот таков со кого ќе ми се вкрсти патот, со право ќе му кажам дека е лош и само со крената глава ќе продолжам понатаму.
Фото:Freepik