Направи селфи и сфати дека ја има оваа смртоносна болест: Еден детаљ откри сѐ, погледнете убаво! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Немала поим дека едно селфи ќе ѝ го „спаси“ животот.

Пред осум години Меган (33) отпатува во Њујорк за да го види сега починатиот братучед Тони Мартинез. Толку се забавувале што речиси цело време се фотографирале за да ги задржат своите спомени засекогаш.

Додека биле во Мидтаун, го посетиле Рокфелер центарот, а потоа секако направиле селфи таму, покрај фонтана.

Меган сфати дека на оваа фотографија не изгледа „нормално“!

- Ја погледнав сликата и ми беше спуштен очниот капак. Навистина ми беше чудно и штом стигнав дома отидов на лекар за да видам за што се работи – изјавила Меган.

Докторот веднаш ја испратил на магнетна резонанца, а резултатите што следеле биле застрашувачки и поразителни.

Нашле бенигна маса во нејзиниот мозок која растела со агресивно темпо!

– Дознав дека имам менингиом, најчестиот облик на рак на мозокот – рече таа.

Бидејќи самата дијагноза е многу тешка, веднаш започнале со лекување. Најпрво е извршена операција за отстранување на туморот, а потоа во наредна процедура е откриено присуство на друг тумор на мозокот, глиом, пренесува „Најпост“.


Лекарите рекоа дека туморот ќе продолжи полека да расте и дека нејзината состојба ќе бара доживотно следење. Освен тоа, беше откриено дека Меган има мутација во генот PTEN, што ја става на поголем ризик од развој на сите видови рак.

Не долго по сите овие наоди, Меган била болна од рак на дојка и матка, но и успешно била излечена.

- Ракот не ми беше прв избор, но не би го сменила со ништо тоа каде сум или низ што сум поминала - изјави таа на крајот.