НАПРАВИ СИ САМА: Пет рецепти за домашен пилинг за лице и тело

Добивај вести на Viber

Она на што не учат рекламите е дека постои соодветен козметички производ за секој тип на кожа. Вистина е, но само делумно. Економски и природни, производите што ги имаме дома може да бидат корисни за убавината на најчувствителната кожа, бидејќи не содржат хемиски адитиви кои често се наоѓаат во кремите што ги купуваме. 

Главните производи за дома чистење?

 Сол, сода бикарбона, оризов скроб, шеќер, кој може да се меша со кисело или свежо млеко или со овошје богато со витамини. Храната која е корисна за нашиот стомак исто така е исто толку корисна за здравјето на кожата. 

Еве некои домашни рецепти со кои можете да го негувате вашето тело.


Плодови

Дали знаете дека секој плод ја фаворизира убавината и здравјето на вашата кожа? На пример јагодите и кивите се богати со витамин C и се многу добар антиоксиданс и ја детоксира успешно кожата. Бананата пак е богата со витамин Б2, магнезиум и калиум и е многу корисна за негување на сува кожа. За да ја омекнете кожата, можете да го користите јаболкото или лимонот. Дали имате овошје дома? Па, испасирајте го, додајте кон него сода бикарбона или сол, една лажичка мед и веќе сте подготвени да користите еден сосема природен рецепт, со кој ќе го освежите телото.       


Оризов скроб

Покрај солта и сода бикарбоната, оризовиот скроб е исто така еден од оние производи ои се многу економични и многу ефикасни кога станува збор за маски и тело. Измешајте во чинија со оризов скроб, што е многу корисно за чувствителна кожа, неколку капки масло од бадемово масло и една лажица шеќер. На овој начин ќе добиете мешавина со која ќе можете деликатно да го ексфолирате вашето тело. Ви треба рецепт за целосна релаксација? Ние ви нудиме да се измешате оризов скроб со јогурт и кератин. Додадете неколку капки масло од лаванда и уживајте во релаксирачкиот ефект со секое од своите влакна.   


Шеќер

Шеќерот содржи гликолова киселина што ја претвора во исклучително ефикасен пилинг, многу погоден и за лицето и испукани усни. Еве и еден рецепт, со кој ќе си подготвиет домашна маска. Во сад измешајте шеќер и кокосово масло, што од една страна е многу негувачко, или пак лажичка мед. Не заборавајте да додадете и една лажичка свежо исцеден лимонов сок што ќе ја разреди смесата и ќе го олесни нанесувањето. Во случај кожата да ви е чувствителна или пак сува заменете го лимонот со јогурт. Овие состојки ќе ја ви помогнат во негувањето и ќе ја хидратираат кожата. Ако пак одгледувате алое дома, тогаш исечете внимателно едно од листовите и измешајте го безбојниот гел кој ќе извлечете од него, со една лажичка шеќер. Резултатот е една исклучително ефикасна мешавина со која ќе го масирате лицето.


Сода Бикарбона

Еден од неопходните производи за домашно чистење е несомнено сода бикарбона. Бидејќи бикарбонатот е фин прав, тој е многу погоден за лицето. Можете да додадете мед, јогурт или свежо млеко. Лесен и брз рецепт кој можете да го подготвите дома е бикарбона, сол за готвење, ароматично масло по ваш избор и пасирана краставица или киви. Елсфолирачки пилинг и потхранувачко средство за секоја сезона.         


Кафе

Дали некогаш сте ја користеле состојката на кафе како пилинг? Во една чаша измешајте го талогот од кафе со готварска сол, додавајќи исто така и капка етерично масло, на пример од рузмарин, што е многу корисно за циркулацијата. Алтернативна опција? Доволно е да додадете кон талогот од кафе два различни вида етерични масла, на пример од мастика, бреза, лимон, мајчина душица, нане или портокал. Маслото од портокал е многу погодно за отечени и уморни стапала. Нанесете ја подготвената мешавина и нанесете на нозете. По 30 минути исплакнете со вода, користејќи кружни движења, почнувајќи од глуждовите и продолжувајќи по должината на ногата.