Направи велигденско венче

Добивај вести на Viber

Велигден како празник го сакаат многумина, како децатата така и возрасните. Овој празник е интересен и буди голема креативност кај повеќето за  различни начини на  декорирањето и техники на  фарбање  јајца.  Бидејќи веќе сигурно имате уредено некое ќоше со работи симболични за овој празник, овој пат обидете се да ја развеселите и вашата влезна врата, така што ќе направете велигденско венче. За да го направите ќе ви бидат потребни: плетено венче или пак искористете жица, декоративни јајца, декоративни ленти, цветови и гранчиња.


За почеток намотајте ги украсните ленти, колку повеќе различни бои користите, толку повесел изглед ќе има венчето. Потоа додавајте цветови  на венчето.


Исто така можете да додадете гранчиња или личиња по ваш избор. Ставете ги и украсните јајца, доколку се без врвчиња, залепете ги со лепило. Можете да направите и украсна машна од лентите и врвка за закачување.


За Женски магазин, идеите ги прави Ана Јордановска