Направив селфи и сфатив дека имам рак: Доволен беше еден поглед, веднаш знаев дека ме чека пекол

Добивај вести на Viber

Откако ја направила фотографијата, веднаш сфатила дека боледува од неизлечива болест...

Ерин Дојл присуствуваше на свадбата на нејзината најдобра пријателка во април минатата година. Како и секоја деверуша, таа беше доста весела, уживаше и беше во друштво со невестата. Направила и „селфи“ фотогрфаија додека наздравува со невестата.

Навидум убав ден, по 20 минути стана доста стресен за Ерин. По фотографирањето почувствувала „топче“ од надворешната страна на десната града за да го намести градникот без прерамки под сатенскиот фустан.

Стомакот ми се преврте и почнав да се потам - рекла Ерин, која решила да не кажува никому потоа, за да не им го расипе расположението на сите.

Инаку, и нејзината баба имала рак на дојката, па решила брзо да и се обрати на мајка си: „Најдов грутка, што да правам?“, се присетува таа.

„Таа очигледно беше релативно добро упатена во сето ова... и ми препорача да одам на општ лекар следниот ден“.

Дијагноза
За среќа, резултатите од снимките покажале дека грутката на дојката е бенигна. Но, таа за да биде сигурна направила ултразвук, кој покажал дека грутката е „веројатно“ фиброаденом - бенигна грутка што обично се среќава кај жени во нивните 20-ти и 30-ти. Сепак, и било препорачано да направи биопсија.

По неколку дена, резултатите покажале дека грутката од 2,5 сантиметри всушност е рак во 3-та фаза. Потврдено е дека нејзиниот рак е хормон позитивен и дека се „хранел“ со сопствениот естроген. Исто така, беше откриено дека станува збор за редок цврст папиларен карцином (СПЦ) - бавно растечки карцином, речиси секогаш се наоѓа кај постари жени.

Во јуни истата година, лекарите одлучиле дека е потребна операција за отстранување на растечката маса во градите, која беше успешно изведена. После тоа следеше хемотерапија како редовен процес на лекување на ракот.

Фото: Фејсбук
Извор: Najzena.alo.rs/