Нашата ќерка ќе го носи твоето име: Најголемото признание за една маќеа

Животот честопати пишува драми подобро од наградуваните писатели и веројатно токму оваа комбинација на околности е креаторот на изреката дека доброто се враќа со добро. Големото срце на жената и начинот на кој животот ѝ враќа ќе ве расплаче.

Станува збор за жена која има три ќерки. Најстарата чека бебе, а еве што точно „напиша“ животот за нив.

- Мојот сопруг има ќерка од првиот брак. Нејзината мајка починала при породување. Ја воспитував цел живот и никогаш не ја одделував од моите две ќерки. Таа сега има 22 години и е бремена. Вчера, мојот зет и таа ми рекоа дека очекуваат девојче и дека ќе ѝ го дадат моето име. Ова е мое најголемо признание, се чувствувам како да сум ја добила Нобеловата награда. Андреа, мама те сака - напиша жената на страницата за анонимни признанија.

Навистина, убава приказна. Оваа жена, дури и да имаше дилема дали нејзината најстара ќерка некогаш се чувствувала лошо, бидејќи не е нејзино биолошко дете, добила сигурна потврда дека го положила тешкиот животен испит без грешка.

Прекрасната приказна од страницата Ispovesti.com не помина незабележано, па пристигнаа многу коментари.

- Би било убаво девојчето да добие две имиња, едно по тебе, едно по нејзината биолошка баба. Сепак, таа го дала својот живот за да го роди своето дете. И за вас, секоја чест што ја сакате како своја - е еден од нив.

Имаше и неколку негативни коментари. Сепак, токму ќерката Андреа им ги „затвори устите“.

„Мамо, те сакам повеќе од сè !!! Ти си доказ дека совршена личност постои. Секогаш се чувствував како да ме роди и знам дека не можев да имам подобра мајка. Затоа што нема ништо подобро од тебе. И ќе бидам пресреќна ако успеам да бидам барем половина за моето бебе од тоа што си ти за мене!“

Тешко е да не се заплаче по овие зборови, односно љубовта на мајка и ќерка што ништо не може да ја „смени“, ни „помрдне“.

- И плачев, затоа што немам прочитано подобра исповед, секоја чест добра жено, нека има повеќе луѓе како тебе - напиша една дама.

„Секоја чест, би сакала да имам маќеа како тебе“, „Златна жено си заслужила, а секоја чест и за децата“, се дел од останатите коментари за оваа приказна.


Извор: direktno.rs

*Крива сум што сум заљубена во човек чие дете ме има за маќеа: Зорица за посинокот и титулата која важи за негативна