„Наше мало момче, наш борец“: Андреа Оџаклиевска објави прва фотографија од синот

Добивај вести на Viber

Според фотографијата која ја објави на Инстаграм, помладата ќерка на пејачката Маја Оџаклиевска се породила и станала мајка на момче.

„Наше мало момче, наш борец“ - стои во објавата под фотографијата на Андреа Оџаклиевска.



Андреа Оџаклиевска во мај се омажи а уште тогаш беше во блажена состојба.

Таа на свадбената церемонија заблеска во прекрасна бела венчаница, а потоа се пресоблече во едноставен цветен фустан со прерамки.


Андреа му се заколна на вечна љубов на Милош Живковиќ, кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ.

Инаку, за себе вели дека е девојка која верува во чуда, цврсто верува дека љубовта движи се, девојка која бескрајно му е благодарна на животот.

Си беше една девојка која веруваше во чуда: Андреа Оџаклиевска заблеска во два фустани на свадбата

Прекрасна трудница: Андреа Оџаклиевска ужива во бременоста на плажа


Фото: Инстаграм Официјален профил Андреа Оџаклиевска