Насмевки и радост во домот на пејачката: Сека Алексиќ му го прослави 2-от роденден на синот Јован

Таа на социјалните мрежи сподели фотографии со своите наследници и сопругот, како уживаат на најпрекрасниот ден на нејзиниот миленик...

Пејачката Сека Алексиќ вчера сподели фотографии на својот Инстаграм профил на кои се гледа како уживаат и го прославуваат вториот роденден на нејзиниот помлад син, Јован.

На фотографиите се таа и нејзиниот сопруг, додека насмеани во прегратка ги држеа своите наследници и позираа пред објективот.

Дури и малиот Јован позира пред тортата, која најверојатно е со неговите омилени јунаци, Маша и Медо.

Доминираше зелената боја, но тука беа и сината и кафената, а и деталите во вид на елка и секако Маша и Медо. Од фотографиите може да се види дека Јован е пресреќен.

View this post on Instagram

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)